Објавено на:

(Видео) Соработник на српскиот министер за здравство глуми Џејмс Бонд во државна канцеларија

t

Насилник кој е осведочен соработник на српскиот министер за здравство Златибор Лончар во петокот рано наутро практично ја предводел и ѝ командувал на единицата на српската полиција која упадна во просториите на Медицинскиот факултет во Белград, каде што се пребројуваа гласовите за избор на студентскиот парламент, обвинија студентите.

„Безбедноста за која се зборува во студиото, на улица изгледа како фаќање за врат и спомнување на семејството. Авторитетот што се гради пред камерите, пред факултетот се сведува на сила врз помлади и невооружени“, пишуваат студентите од Медицинскиот факултет.

„Нашиот колега од Факултетот за политички науки, Давуд Делимеѓац, синоќа дојде пред деканатот на Медицинскиот факултет во Белград за да застане покрај колегите во момент кога полицијата веќе беше пред зградата на деканатот. Дојде како студент кој им дава поддршка на други студенти. Според неговото сведочење, откако група мажи координирано го скршија стаклото и со ѝ тоа овозможија влез на полицијата, Давуд ѝ пришол на личност за која сметал дека имала водечка улога и прашал: ‘Зарем не Ви беше срам? Се школувавте за да кршите стакло?’“, напишаа студентите на Факултетот за политички науки на официјалниот профил на социјалните мрежи.

Студентите ги прашаа надлежните кој му дал овластувања на Бојан Боровчанин да ја координира оваа акција, а притоа „нема никаква врска со полицијата“.

„Кој нему му ветил дека ништо нема да му се случи ако физички напаѓа студенти? Кој ќе одговара за искршените прозорци на деканатот? Насетуваме дека нема да биде никој. Насетуваме и дека Бојан Боровчанин дури ќе биде и награден. Го очекуваме уште утре на ТВ Информер да се фали. Но ние паметиме. Име, презиме и (не)дела. Ова не е крај“, напишаа тие

Во меѓувреме, се појави контроверзна снимка од Боровчанин, направена во канцеларија на државниот Универзитетски клинички центар на Србија, каде тој работи. Боровчанин во видеото вади пиштол и го вперува во камерата, во очигледен обид да ја имитира најавната шпица од филмовите со тајниот агент Џејмс Бонд.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Соработник на српскиот министер за здравство…

Насилник кој е осведочен соработник на српскиот…

Георгиевски: Бугарите ни ја најдоа слабата точка…

Екс-премиерот и претседател на ВМРО-Народна, Љубчо Георгиевски…

Спречен обид да се прошверцуваат 40 тони…

Парични казни од над 19 илјади евра…

Почна поморската блокада на САД врз Иран

Воената блокада на целиот сообраќај што влегува…

Србија ризикува да изгуби милијарди евра помош…

Србија се соочува со загуба до 1,5…