Радев: Не ме изненади победата, стабилна влада е главен приоритет
По изборната победа денес поранешниот претседател на Бугарија Румен Радев изјави дека резултатот за Прогресивна Бугарија не бил изненадување за него, бидејќи уште за време на кампањата почувствувал силна јавна поддршка. Според него, „неговата социологија“ биле полните сали и активното учество на граѓаните, што дало јасен сигнал за исходот од гласањето.
Тој истакна дека со победата доаѓаат и сериозни очекувања од граѓаните. Според него, надежите се големи, но исто толку голема е и одговорноста што стои пред политичките сили во наредните денови.
Радев посебно го истакна изборниот процес во странство, наведувајќи дека добил бројни сигнали и фотографии за долги редици пред гласачките места во градови како Лондон и Барселона. Според него, луѓето чекале со часови за да го остварат своето право на глас. Во таа насока, тој го повика Министерството за надворешни работи да преземе соодветни мерки за сите бугарски граѓани во странство да имаат реална можност да гласаат.
Во однос на идното владеење, Радев изјави дека се можни различни варијанти за составување влада. Тој нагласи дека главен приоритет е државата да има стабилна влада. Според него, би било штетно за Бугарија да се стигне до нови избори и продолжена политичка нестабилност.
Во својата изјава Радев ја коментираше и темата за судската реформа, нагласувајќи ја потребата од промена на Високиот судски совет. Тој изрази очекување дека останатите партии ќе ги исполнат преземените обврски во таа насока. Посебно нагласи дека очекува соработка со Продолжуваме промената – Демократска Бугарија по ова прашање, истакнувајќи дека е важно да постои заедничка визија за промени во судскиот систем.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Луѓе се затворија во кафез пред…
Протестна акција, во која доброволци деноноќно ќе…
Радев: Целосно забрануваме рекламирање на игри на…
„Воведуваме целосна забрана за рекламирање на игри…
Бугарија врати над два тони кисело млеко…
Бугарските власти не дозволиле влез на пратка…
Радев најави американски инвестиции во Бугарија за…
„Го прекинавме влијанието на олигархијата врз власта.…
Димитровски: Нашите позиции се јасни – реципроцитет…
Заменик-министерот за надворешни работи и трговија Зоран…