Косово ја прогласи Иранската револуционерна гарда за терористичка организација
Владата на Косово на денешната седница ја разгледа и ја усвои предлог-одлуката со која Исламската револуционерна гарда на Иран се прогласува за „терористичка организација“, јавува Агенција Анадолија.
Претставувајќи ја пред Владата предлог-одлуката, премиерот на Косово, Албин Курти, изјави дека предлог-законот обезбедува правна и стратегиска основа за нејзино прогласување за „терористичка организација“ во Република Косово.
„Исламската револуционерна гарда на Иран е дефинирана како ентитет што користи тероризам и организирано насилство како средство на надворешната политика и придонесува за регионалната и глобалната нестабилност. Со оваа одлука Косово ја зајакнува својата позиција во заштитата на меѓународната безбедност, демократските вредности и човековите права“, изјави Курти.
Тој нагласи дека со оваа одлука неговата земја јасно ја покажува својата посветеност да застане покрај своите стратегиски сојузници во заедничката борба против тероризмот. Предлогот беше усвоен едногласно од членовите на Владата.
Иран сè уште не ја признава државата Косово, чија независност беше прогласена во 2008 година.
Инаку, косовската влада на повеќе пати јавно се произнесе за поддршка кон Америка, а пред неколку недели одобри и испраќање војска во Газа. Според министерот за одбрана, Ејуп Македонци, испраќањето војска беше покренато врз основа на „стратешката соработка со сојузниците, поканата од Централната команда на САД од 10 декември 2025 година, Резолуцијата 2803 на Советот за безбедност на ОН, како и со политичката поддршка изразена во рамки на Мировниот одбор“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Косово ја прогласи Иранската револуционерна гарда за…
Владата на Косово на денешната седница ја…
Косово испраќа војска со опрема како дел…
Косовскиот министер за одбрана Ејуп Маќедонци изјави…
Косово и Албанија со план за заедничко…
Косово и Албанија започнаа разговори за продлабочување…
ЕУ трансферира 61,8 милиони евра на Косово…
По ратификацијата на договорот со Европската Унија…
Ветераните на ОВК денес протестираат пред косовското…
Организацијата на воени ветерани на ОВК остро…