Објавено на:

Предупредување – можен е мега потрес во Јапонија

t

Јапонските власти ги предупредија северните крајбрежни области на земјата за малку зголемен ризик од таканаречен мегаземјотрес, феномен во кој помал земјотрес може да предизвика многу помоќен, катастрофален шок.

Владината канцеларија процени дека веројатноста за таков настан во следните седум дена е еден процент.

Слично сценарио се случи во Јапонија во 2011 година, кога земјотрес со магнитуда од 7,3 степени беше претходница на разорниот земјотрес со магнитуда од 9,0 степени.

Тој настан предизвика смртоносно цунами, а речиси 20.000 луѓе ги загубија животите во катастрофата.

Јапонската метеоролошка агенција упати апел до граѓаните барајќи од нив да преземат мерки за заштита од катастрофи во согласност со сите упатства од владата и локалните власти.

Предупредувањето се однесува на најсеверниот остров Хокаидо во Јапонија, со најзагрозен неговиот јужен брег.

Зголемениот ризик се однесува и на брегот Санрику, кој се протега по североисточната страна на главниот остров на Јапонија и ги вклучува префектурите Мијаги, Ивате и Аомори.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Предупредување – можен е мега потрес во…

Јапонските власти ги предупредија северните крајбрежни области…

(Видео) Силен земјотрес од 7,4 степени ја…

Силен земјотрес со јачина од 7,4 степени…

Германија се залага за нов договор за…

Германија се стреми да ги продлабочи одбранбените…

Земјотрес од 4,5 степени ја погоди Грција…

Денеска западниот дел на Грција беше погоден…

Силен земјотрес во Грција почувствуван и во…

Земјотрес со локална магнитуда од 5,5 степени…