Џеј Ди Венс и американската делегација на пат кон Исламабад
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави денеска дека потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс, и американската делегација на мировните преговори со Иран се на пат за Пакистан и се очекува да слетаат во рок од неколку часа.
„Треба да водиме разговори. Значи, претпоставувам дека во овој момент никој не игра игри“, рече Трамп во изјава за „Њујорк пост“, отфрлајќи ги сомнежите дека преговорите ќе пропаднат.
Тој потврди дека високата американска делегација — во која се вклучени Венс, специјалниот пратеник Стив Виткоф и советникот Џаред Кушнер — веќе патува кон Исламабад на следната рунда преговори.
„Сега заминуваат таму“, изјави Трамп нешто по 9:00 часот по источноамериканско време, додавајќи дека тие ќе пристигнат таму вечерва по локално време во Исламабад.
Тој додаде дека е подготвен да се сретне со високите ирански лидери доколку се постигне напредок.
Временската рамка ја нагласува итноста на преговорите, кои се одржуваат само неколку дена пред истекот на примирјето меѓу САД и Иран, во ек на ескалација на тензиите во регионот. Трамп сигнализираше отвореност за драматичен дипломатски чекор — директна средба со иранското раководство доколку се укаже можност, наведува њујоршкиот весник.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Џеј Ди Венс и американската делегација на…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави денеска дека…
„Деко, со кое лице бараш олеснување на…
Реагираа семејствата на починатите во трагедијата во…
Голоб се откажа од формирање влада во…
Премиерот на Словенија, кој моментално е во…
Си Џинпинг повика на отворање на Ормускиот…
Претседателот на Кина Си Џинпинг денеска повика…
Трамп: Денеска ќе биде потпишан договор со…
Американскиот претседател Доналд Трамп за „Фокс њуз“…