Продолжува бранот на семејно насилство: Приведени две лица во Скопје, Велес и Куманово

t

На 19.04.2026 во 22:00 часот во СВР Скопје 47-годишна жена пријави дека околу 16:30 часот во нејзиниот дом на подрачјето на Центар нејзиниот партнер А.Б.(47) физички ја нападнал неа и нејзиното куче и упатувал закани кон неа и нејзиниот син. Потоа и побарал пари и таа од страв му дала пари кои и биле во паричникот.

На 19, објави 4news.mk 04.2026 во 21:45 часот, во Велес, полициски службеници од СВР Велес ја лишиле од слобода З.Б.П.(33) од Велес. Според пријавеното, таа во домот физички го нападнала нејзиниот 32-годишен сопруг, а подоцна со нејзиното патничко возило „фиат“ со велешки регистарски ознаки на улица „Благој Ѓорев“ во Велес учествувала во сообраќајна незгода со патничко возило „рено“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Т.В.(69) од Велес. Во несреќата таа се здобила со телесни повреди, констатирани во Општа болница Велес и по преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно ѝ биле измерени 1,95 промили алкохол во крвта. Таа била задржана во полициска станица и известен бил јавен обвинител.

На 19.04.2026 година во ОВР Крива Паланка, 50-годишна жена од Крива Паланка пријавила дека била физички нападната од нејзиниот сопруг А.Ј. кој употребил и тврд предмет.

На 20.04.2026 во 00:10 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.А.(34) од село Романовце, кумановско, затоа што подолг временски период ја следел и вознемирувал неговата 27-годишна поранешна партнерка. Тој бил приведен во полициска станица.

Се преземаат мерки за расчистување на случаите и по нивно целосно документирање против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Џеј Ди Венс и американската делегација на…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави денеска дека…

„Деко, со кое лице бараш олеснување на…

Реагираа семејствата на починатите во трагедијата во…

Голоб се откажа од формирање влада во…

Премиерот на Словенија, кој моментално е во…

Си Џинпинг повика на отворање на Ормускиот…

Претседателот на Кина Си Џинпинг денеска повика…