Мишел ја обвини Фон дер Лајен за приграбување на моќ
Поранешниот претседател на Европски совет, Шарл Мишел во интервју за „Брисел тајмс“ ги критикува Европската комисија и нејзината претседателка, Урсула фон дер Лајен, за обид да преземат повеќе моќ отколку што заслужуваат.
Според него ЕК ги пречекорува своите овластувања и се обидува да ги преземе ингеренциите на Европскиот совет во одбраната, надворешното претставување и Службата за надворешни работи (ЕЕАС).
– ЕК денес се обидува да ја преземе контролата. Тоа не е во согласност со Договорот (на ЕУ) – истакна Мишел.
Тој додаде дека Фон дер Лајен „авторитарно управува“, додека комесарите повеќе немаат никаква улога.
Мишел оцени и дека ЕУ погрешно и слабо одговорила на непријателството со САД, посочувајќи оти не постоел заеднички одговор на американските санкции за поранешниот еврокомесар Тиери Бретон.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Руски воен сателит опасно се приближил до…
Руски воен сателит се приближил на околу…
ИЗРАЕЛ ВО НАЈВИСОКА БОРБЕНА ГОТОВНОСТ: „Сè зависи…
Израелските вооружени сили се наоѓаат во состојба…
СТУДЕНТСКАТА ЛИСТА ПОВИКА НА СМИРЕНОСТ: Да не…
Српската Студентска листа излезе со сериозни обвинувања…
(Видео) ПАНИКА МЕЃУ ШТЕДАЧИТЕ ВО СРБИЈА: Граѓани…
По пропаѓањето на АЛТА банка во Србија,…
Мицкоски најави дека во декември ќе бидат…
Премиерот Христијан Мицкоски најави дека во декември…