Киднапирана 28-годишна жена, силувана, тепана и три дена држена во заробеништво
Утрово во 04:00 часот во СВР Скопје, 28-годишна жена од скопско пријави дека на 17.04.2026 во Дебар, каде што престојувала со сегашен вонбрачен партнер, откако излегла од угостителски објект на сила била внесена во патничко возило од поранешниот нејзин партнер И.В., кое го управувало друго лице, по што отишле во куќа на роднина на И.В. во скопско село.
Според пријавеното, таму со сила била држена до 20.04.2026, а поранешниот партнер извршил обљуба врз неа и физички ја малтретирал.
На 20.04.2026 околу 19:30 часот таа успеала да побегне и случајот го пријавила.
Се преземаат мерки за расчистување на случаите и по нивно целосно документирање против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Киднапирана 28-годишна жена, силувана, тепана и три…
Утрово во 04:00 часот во СВР Скопје,…
Се ограничува маржата на ѓубривата за заштита…
Ќе се ограничат маржата на вештачките ѓубрива…
Владата по скратена постапка ќе ја испрати…
Владата по скратена постапка и без консензус…
Такер Карлсон се извини за поддршката на…
Такер Карлсон, поранешен ТВ водител и новинар,…
Повеќе од 71 милијарда долари ќе бидат…
Повеќе од 71 милијарда долари (60,3 милијарди…