Нов удар за патниците: Поскапуваат авионските карти
Патниците во Европа наскоро би можеле да се соочат со значително повисоки цени на авионските билети, како последица на нарушените глобални испораки на нафта предизвикани од конфликтот меѓу САД, Израел и Иран.
Според најновата анализа на Европската федерација за транспорт и животна средина (T&E), трошоците за гориво по патник веќе бележат значителен раст. На летовите на долги релации од Европа, просечната цена на горивото по патник е зголемена за 88 евра, додека кај летовите во рамките на континентот поскапувањето изнесува 29 евра.
Анализата ги споредува цените од минатата недела со оние пред почетокот на кризата на 28 февруари, при што конкретните примери укажуваат на сериозен раст на трошоците. Така, лет од Париз до Њујорк би можел да поскапи за 129 евра по патник, додека лет од Барселона до Берлин за околу 26 евра.
Од авиокомпаниите веќе предупредуваат дека зголемените трошоци ќе мора да се префрлат на патниците. Компании како Луфтханза, Рајанер и Ер Франс-КЛМ уште во март најавија можни поскапувања, особено ако продолжи блокадата на Ормутскиот теснец.
Експертите предупредуваат дека доколку кризата во регионот се продлабочи, цените на авионските билети би можеле дополнително да растат, што ќе влијае врз туристичкиот и бизнис-сообраќајот низ Европа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нови откритија на „Старо Бонче“: Средновековни гробови…
На археолошкиот локалитет „Старо Бонче“ се откриени…
Пандов на средба со делегација на Европскиот…
Директорот на Управата за извршување на санкциите,…
Македонски државјанин убиен во Германија
Дваесет и седумгодишен маж од Северна Македонија…
72-годишен Полјак се преценил кај Куратица —…
Пензионер од Полска одбрал авантуристички да го…
МОН: Неточни и лицемерни се тврдењата на…
Министерството за образование и наука (МОН) како…