Мојсоска: Еден тендер за одржување на фонтани во Скопје е 500.000 евра, а буџетот за жртви од насилство ни се мизерни 20.000 евра

t

Еден тендер за одржување на фонтани во Скопје е 500.000 евра, а буџетот за жртви од насилство ни се мизерни 20.000 евра, реагира пратеничката од Левица, Јована Мојсоска.

– На седницата на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, пратеничката од Левица, Јована Мојсоска, се осврна на годишниот извештај за работата на Комисијата за паричен надоместок за жртви од кривично дело со насилство за 2024 година, кој наместо да покаже функционален систем на заштита, открива целосен институционален колапс. Иако целта на оваа Комисија е државата да им обезбеди поддршка на жртвите, извештајот покажува дека во текот на целата 2024 година не е исплатен ниту еден денар надоместок;

„Она што го покажува извештајот за 2024-та година е тоа што не е исплатен ниту еден паричен надоместок за жртви од кривично дело со насилство, што може да се констатира дека очигледно кај нас жртвите се оставени сами да се снаоѓаат поради незаинтересираност на властите.

Додека броиме црна статистика од жртви на насилство, Комисијата за паричен надоместок за жртви од насилство (при Министерство за правда) располага со мизерен буџет од само 20.000€.

За споредба, тендерот за одржување на фонтаните во Скопје е 500.000€, или во превод, оваа држава повеќе се ГРИЖИ за фонтаните отколку за жртвите од насилство”. – истакна Мојсоска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВЛЕН: Скопје и Приштина сè поблиску, се…

Од Скопје до Приштина со воз за…

Ѓорѓиевски: Драстично ги намалуваме новите вработувања во…

Драстично ги намалуваме новите вработувања во Град…

Акција во Прилеп и Скопје: Сузбиена група…

Полицијата сузби 21-члена организирана криминална група од…

Ѓорѓиевски: Завршена постапката за набавка на автобусите,…

Завршена е постапката за набавка на новите…

Протестен марш во Скопје за поддршка на…

Со почеток во 14 часот во Скопје…