ЕУ наскоро би можела да воведе санкции против Израел, тврди француски министер
Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро, денеска изјави дека Европската Унија наскоро би можела да почне да воведува санкции против Израел, бидејќи промената на владата во Унгарија би можела да го отстрани долгогодишното вето на таа земја.
Баро во изјава за „Франс инфо“ рече дека веќе една година се залага за санкции против поединци или субјекти одговорни за насилство врз Палестинците, вклучително и на Западниот Брег.
„Мислам дека ќе можеме да ги усвоиме овие санкции во наредните денови“, рече тој во интервјуто.
Тој рече дека мерките досега биле блокирани од Унгарија под водство на премиерот во заминување Виктор Орбан, но посочи дека ветото може да се укине по изборот на нов унгарски премиер. Тој исто така предупреди дека ЕУ не може да ги игнорира постапките на Израел ако неговите политики останат непроменети.
Во контекст на повиците за суспендирање на Спогодбата за асоцијација меѓу ЕУ и Израел, која е условена од почитување на човековите права, министерот рече дека доколку израелската влада не ја промени својата политика, Унијата нема да може да се однесува како ништо да не се случило.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Лидерите од Брдо-Бриони побараа објективен и предвидлив…
Целосното и навремено членство на земјите од…
Пленковиќ ѝ постави услов на Црна Гора:…
Црна Гора нема да ги затвори преговорите…
ЕУ предлага санкции за една банка и…
Европската комисија предложила воведување санкции за една…
Чупиќ за германски медиуми: Србија нема да…
„Во нашата изборна програма јасно ставивме до…
Милатовиќ бара од Брисел билатералните спорови со…
Претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, упатил…