Објавено на:

Холандската разузнавачка агенција: Не сме виделе поголема закана по националната безбедност во 80 години постоење

t

Холандија се соочува со најголемата закана по националната безбедност од крајот на Втората светска војна, која главно доаѓа од Русија и Кина во контекст на многу „непредвидлив“ светски поредок, соопшти денеска холандската разузнавачка агенција АИВД.

– Во 80-те години од нашето постоење не сме виделе ниво на закана како актуелното, при кое националната безбедност е под притисок толку долго и од толку многу страни истовремено – изјави директорката на АИВД, Симон Смит, на претставувањето на годишниот извештај на агенцијата.

– Сведоци сме на нестабилен и непредвидлив светски поредок, по децениите во кои стабилноста и предвидливоста беа темел на просперитетот и мирот – додаде таа.

Како и изминатите години, АИВД ги нагласи заканите за Холандија како основачка членка на НАТО и на Европската Унија, кои доаѓаат од Русија и од Кина. Во извештајот се наведува дека Русија станала уште поагресивна кон западните земји, вклучувајќи ја и Холандија, главно преку кибер-напади.

„Русија се подготвува за долготрајна конфронтација со Западот. Воениот судир меѓу Русија и Западот веќе не е незамислив“, стои во соопштението на АИВД.

Русија негира какви било планови за напад врз земји членки на НАТО, но го обвинува „колективниот Запад“, како што го нарекува, за загрозување на нејзината национална безбедност, особено преку финансиската и воената поддршка на Украина.

АИВД наведува дека Кина продолжува со „незаконски“ напори за стекнување напредна технолошка експертиза во својот стремеж да „го преобликува светскиот поредок… за подобро да им служи на сопствените интереси“.

Агенцијата веќе долго време ја означува Кина како најголема закана за холандската економска безбедност, истакнувајќи дека таа закана се продлабочила во 2025 година. Кина, пак, негира дека постапува незаконски во остварувањето на своите економски интереси или дека претставува каква било закана за западните земји.

На домашен план, џихадистичките и екстремно десничарските групи ја претставуваат главната безбедносна закана во Холандија, а двете групи добиваат загрижувачка популарност меѓу дел од младите, наведува агенцијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Холандската разузнавачка агенција: Не сме виделе поголема…

Холандија се соочува со најголемата закана по…

Принцот Хари од Киев му порача на…

Принцот Хари денеска упати директен апел до…

Муцунски-Варнс: Од големо значење е стратешкото партнерство…

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија,…

Под Тумбе кафе најдени се над 1000…

Над 1.000 неексплодирани бомби и гранати од…

(Фoто) Три превртени камиони на скопската обиколница

На скопската обиколница во близина на клучката…