Лекарите ќе евидентираат случаи на насилство и без пријава од пациентите

t

Лекарите во иднина ќе можат да евидентираат во здравствениот систем случаи на пациенти кои претрпеле насилство, дури и кога тие самите не го пријавуваат, најави министерот за здравство Азир Алиу.

Говорејќи на седница на собраниската Комисија за еднакви можности, Алиу истакна дека ваквата мерка ќе овозможи подобро следење на состојбите и навремено препознавање на жртвите, особено во ситуации кога насилството се повторува, објави 4news.mk

„Иако пациентите не го пријавуваат насилството, преку системот можеме да го следиме. Ако некој доаѓа со исти повреди по одреден период, ќе може да се реагира и од здравствен, психолошки и правен аспект“, појасни министерот.

Тој нагласи дека анализите покажуваат оти покрај семејното, присутно е и институционално насилство, што дополнително ја нагласува потребата од системски пристап.

Во рамки на реформите, се планира воведување на национален регистар за насилство, како и поврзување на центрите за поддршка со електронскиот систем „Е-здравство“, што треба да обезбеди податоци врз основа на кои ќе се креираат политики.

Паралелно, се работи на воведување специјализирани обуки за лекарите, кои ќе бидат дел од процесот на лиценцирање, во соработка со Лекарската комора. Во план е и дефинирање на образовни протоколи за препознавање на насилството уште во текот на образованието.

Како дел од новите мерки, се разгледува и воспоставување на т.н. „one stop“ центри во рамки на болниците, каде покрај лекар, жртвите ќе добијат поддршка и од психолог и правник.

Од Министерството посочуваат дека целта е да се изгради систем кој не само што ќе реагира, туку и ќе превенира, со подобра координација меѓу институциите и поголема доверба кај жртвите.

Воедно, најавена е и програма за зајакнување на здравствениот систем за 2027 година, со буџет од два милиона денари, која ќе опфати превенција, бесплатни услуги и кампањи за подигање на свеста.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лекарите ќе евидентираат случаи на насилство и…

Лекарите во иднина ќе можат да евидентираат…

Буданов: Западот бара од Украина да ги…

Шефот на кабинетот на украинскиот претседател, Кирил…

Полицијата во нова акција против нелегални мрежи:…

Полицијата во нова акција против нелегални мрежи:…

Бремена скопјанка силувана од поранешен партнер

Осумнаесетгодишна девојка од Скопје, која е во…

Гардијан: ЕУ ризикува конфликт со САД поради…

Европската Унија ризикува конфронтација со американскиот претседател…