Трамп ја исклучи можноста за употреба на нуклеарно оружје во војната против Иран
Американскиот претседател Доналд Трамп ја исклучи можноста за употреба на нуклеарно оружје во војната против Иран, пренесе ДПА.
– Зошто би користел нуклеарно оружје? Ние целосно, на многу конвенционален начин, ги десеткувавме и без тоа – им изјави Трамп на новинарите во Белата куќа.
– Не, не би го користел. Никогаш не треба да му се дозволи на никого да користи нуклеарно оружје – додаде тој.
На прашањето за изгледите за долгорочен мировен договор со Иран, Трамп одговори: „Не ме брзајте“.
Трамп ги подгреа стравувањата за можна употреба на нуклеарно оружје на почетокот на април, кога се закани дека ќе ја збрише иранската „цивилизација“ доколку Техеран не ги исполни неговите барања.
САД и Израел почнаа напади врз Иран на 28 февруари. Двонеделниот прекин на огнот почна на 8 април, а во вторникот беше еднострано продолжен.
Нуклеарно оружје е користено во борба само двапати во историјата, и двата пати од страна на САД против Јапонија во последните денови од Втората светска војна.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кина прекина со извоз на горива поради…
Кинеските рафинерии го прекинаа извозот на нафтени…
САД им се заканија на Германија и…
Владата на САД ги предупреди Германија и…
Номинираниот амбасадор на САД во Бугарија: Во…
Номинираниот за нов амбасадор на Соединетите Американски…
Трамп најави планови за јужнокорејски инвестиции од…
Американскиот претседател Доналд Трамп во средата најави…
Ел Мундо: Русија летово планирала атентат на…
Руска разузнавачка мрежа планирала да изврши атентат…