(Фото и Видео) „Градат ѕид до ѕид, копаат покрај самите темели“: Граѓани реагираат откако еден работник загина, а тројца се повредени во Кисела Вода

t

Еден работник загина, а тројца се повредени откако утрово беа затрупани од насип од земја при копање на темели за зграда. Првиот повик на бројот 112 дошол во 8:14 минути, со барање за Брза помош. Четири минути подоцна, докторот Драган Панов од Итната медицинска помош бара асистенција од Противпожарни екипи специјализирани за извлекување и полицијата.

Очевидците со кои разговараше Инфомакс велат дека прво се слушнал силен звук, па потоа виделе како земјата се лизга, а под неа има луѓе. Се обиделе да помогнат, но веќе не можело да се стори ништо, па се јавиле на бројот 112.

Инфомакс беше на местото на настанот, каде се уште има полициско обезбедување и не е дозволено приближување до ископот.

Дел од граѓаните потресени, пред камерите раскажуваа што се случило, додека останатите немо гледаа кон ископот.

„Ова е трагедија и јас не знам како може, не сега, секогаш кога ќе поминам и кога ќе видам, дека градат зграда до зграда и копаат покрај сами темели… Сите се стручни, сите се меродавни да даваат дозволи да се гради ѕид до ѕид. Велам зошто не се бунат другите сопственици, ми велат луѓе можеби малку поупатени, дека сега си немал право да се буниш или да се жалиш ако ти градат до твојот ѕид“, вели жената.

Во меѓувреме, од Ургентниот центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“ информираа дека двајца работници се полесно повредени, додека едниот има скршеници на двете потколеници и една натколеница, информира Ургентниот центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

„Во врска со несреќата на градилиште во Кисела Вода, информираме дека во Ургентниот центар се транспортирани тројца повредени градежни работници. Двајца од работниците се со полесни телесни повреди и контузии, во тек се дијагностички процедури. Кај едниот од нив веднаш е санирана повреда на лактот, а третиот пациент е со скршеници на двете потколеници и една натколеница. Се следи здравствената состојба на повредените лица и продолжува нивниот медицински третман“, велат од Ургентниот центар.

Обвинител од скопското обвинителсво извршил увид на местото во Кисела Вода, каде еден работник загина, а тројца се повредени.

„Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје изврши увид на лице место на локација во Кисела Вода, каде при одрон на градилиште еден работник го загуби животот, а тројца беа повредени. Јавниот обвинител издаде наредба за обдукција на починатиот. Во насока на испитување на причините за несреќата и почитувањето на прописите за заштита при работа постапуваат и Државниот инспекторат за труд и општински градежен инспектор“, велат од Обвинителството.

Инвеститорот на зградата, ексградоначалникот на Општина Аеродром, Ивица Коневски пак, за порталот СДК.мк изјави дека најверојатно земјиштето се излизгало ненадејно по што дошло до несреќата. Изведувач пак, е фирмата „Компанија Јакимовски“.

„Трагедија е ова што се случи. Фирмата „Јакимовски“ е со долгогодишно искуство, сите постапки се запазени, и добиени се сите одобренија за градба. Најверојатно земјиштето се излизгало ненадејно по што дошло до несреќата“, вели Коневски.

Прашања поставивме до „Компанија Јакимовски“, која е изведувач, но и до Државниот инспекторат за труд. До објавување на текстот, одговор не добивме.

Александар Тодески

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото и Видео) „Градат ѕид до ѕид,…

Еден работник загина, а тројца се повредени…

Ивица Коневски е инвеститор на зградата во…

Ексградоначалникот на Општина Аеродром Ивица Коневски е…

Загинат е едниот од тројцата затрупани работници…

Едниот од тројцата работници кои утрово беа…

Тројца работници затрупани при ископ на градилиште…

Тројца работници се затрупани утрово при ископ…

Косовец уапсен во Скопје, со остар предмет…

Косовски државјанин е уапсен откако со остар…