Грчкиот парламент одзеде имунитет на 13 пратеници поради злоупотреба на ЕУ-фондови
Грчкиот парламент им го одзеде имунитетот на 13 пратеници од владејачката партија Нова демократија, поради сомнежи за вмешаност во скандал со злоупотреба на европски земјоделски субвенции.
Во центарот на случајот е државната агенција ОПЕКЕПЕ, задолжена за распределба на средствата од Европската Унија. Според истрагата на Европското јавно обвинителство, во периодот од 2019 до 2024 година бил воспоставен систем на измама преку фалсификување документи за сопственост на пасишта, со што биле проневерени повеќе од 22 милиони евра.
Поради пропустите во управувањето со овие средства, Брисел веќе ја казни Грција со 390 милиони евра, што дополнително го засили притисокот врз властите во Атина.
Скандалот сериозно ја нарушува довербата во Владата на премиерот Киријакос Мицотакис и отвора прашања за контролата врз европските фондови.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СЕ ЧЕКА СО ЧАСОВИ: Километарски колони на…
Километарски колони возила се создадени вечерва на…
Трагедија на Халкидики: српски турист извлечен мртов…
Од морето во областа Сарти, на Халкидики,…
Над еден милион патници влегле во Грција…
Над еден милион патници, односно 1.100.000 лица…
Полска стана шеста економска сила во ЕУ,…
Полската економија станува се позначајна во Европската…
Зеленски за ЕУ: Го разбирам скептицизмот на…
Претседателот на Украина Володимир Зеленски по средбата…