Левица: Со изборот на Ристоски, МРТ станува банкомат на Мицкоски

t

Од Левица остро реагираат на изборот на Зоран Ристоски за директор на Македонска радио-телевизија, оценувајќи дека станува збор за, како што велат, однапред договорен процес под политичко влијание. Според партијата, одлуката на Програмскиот совет била донесена и покрај предупредувањата и реакциите во јавноста, при што постапката ја оценуваат како нетранспарентна и режирана. Тврдат дека изборот бил познат уште пред да започне процедурата и дека одлуките се носеле во тесен круг блиску до премиерот Христијан Мицкоски, стои во соопштението.

„Особено е индикативно што од вкупно шест кандидати, токму Ристоски се издвојува како најнекомпетентен за функцијата – фигура без релевантен јавен кредибилитет, без препознатлива професионална траекторија во новинарството или медиумскиот менаџмент, и со скандалозна биографија која повеќе отвора прашања отколку што нуди одговори. Во време кога МРТ е институција на работ на системски колапс, наместо личност со интегритет и визија, се поставува анонимус чие единствено портфолио е другарувањето со Мицкоски и мрежата на бизнис-интереси поврзани со јавни пари“, додаваат од Левица.

Во соопштението се изнесуваат и наводи за негова поврзаност со маркетинг агенции и компании кои, според партијата, добивале средства од јавни институции, што според нив отвора прашања за можен судир на интереси.

Левица бара од Програмскиот совет на МРТ итно и јавно да ги објави комплетните биографии и програмите на сите кандидати за директор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Левица: Со изборот на Ристоски, МРТ станува…

Од Левица остро реагираат на изборот на…

Левица: Македонските каратисти со сопствени средства патуваат…

Од Левица реагираат дека македонските каратисти кои…

Зоран Ристовски е нов директор на МРТ

Зоран Ристовски – Ѓуза е новиот прв…

Крмов: Левица со филибастер против штетните законски…

Пратеничката група на Левица ќе пристапи кон…

Левица: Македонците се во долгови до гуша…

Македонија навлегува во длабока економска криза. Трошоците…