Пленковиќ: Хрватска бара силен буџет на ЕУ фокусиран на кохезија и проширување на Унијата
Хрватска, кога е во прашање новиот буџет на Европската Унија, ќе се залага за задржување на кохезиската и земјоделската политика, како и за обезбедување средства за проширувањето и за Медитеранот, изјави хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, додавајќи дека Загреб го поддржува предлогот на Европската комисија вреден два билиона евра.
Пленковиќ на Кипар учествуваше на неформалниот состанок на Европскиот совет, каде што една од темите беше и новата повеќегодишна финансиска рамка (ВФО) на ЕУ.
Во изјава за новинарите, тој потсети дека Хрватска во првите 13 години од членството е во „плус од 20 милијарди евра“, демантирајќи го, како што рече, „лажниот наратив“ дека во новиот буџет ќе има помалку средства за земјата.
Европската комисија предложи буџет од два билиона евра, што според Пленковиќ е најголем износ во историјата на ВФО, а Хрватска го поддржува.
Хрватска се залага во новиот седумгодишен буџет да се задржат кохезиската и земјоделската политика, столбот за конкурентност да биде „отворен за сите“, а не наклонет кон економски посилните членки, како и да се обезбедат средства за проширувањето на Унијата и за Медитеранот.
– Ќе се бориме буџетот да остане силна развојна алатка за Хрватска – нагласи Пленковиќ.
Тој оцени дека има доволно време за преговорите за буџетот.
Членките на ЕУ се поделени меѓу „штедливите“ и оние што сметаат дека буџетот треба да биде поамбициозен. Пленковиќ потсети дека околу 90 отсто од буџетот го финансираат десетина економски најсилни земји, кои се соочуваат со внатрешни политички притисоци при донесувањето на ВФО.
– Ако сакаме силна, автономна и видлива Европска Унија со тежина во меѓународната заедница, тогаш буџетот мора амбициозно да одговори на предизвиците – рече тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сведоци на ужасниот земјотрес во Колумбија: „Никогаш…
Во Кали, еден од колумбиските градови најтешко…
Разбојници нападнале млад Австриец во Скопје и…
23-годишен државјанин на Австрија пријавил во полиција…
Нови детали за Србинот што се удави…
Горан Комазец од Белград е човекот кој…
ЈПДП ќе земат 40 милиони евра кредит…
Владата даде зелено светло за ново задолжување…
Зеленски најави нови кадровски промени во украинските…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека дел…