Четири пријави за семејсно насилство, еден уапсен во изминатите 24 часа

t

Четири лица пријавиле семејсно насилство во полиција, еден насилник е уапсен, информира Министерството за внатрешни работи. Меѓу пријавените за вршење насилство се две жени.

„Денеска во 3:40 часот во СВР Скопје, 20-годишна жена пријави дека околу 00:10 часот на подрачјето на Центар била физички нападната од нејзиниот партнер О.В., 18-годишен скопјанец. Полициски службеници го привеле во Полициската станица Центар. По целосно расчистување на случајот, ќе следува соодветен поднесок“, информираа од МВР.

Втората пријава е од Делчево, каде татко го пријавил зетот за насилство врз неговата ќерка.

„Синоќа во 20:20 часот во ОВР Делчево, 57- годишен маж пријавил дека неговиот зет М.Б. од Делчево, ја избркал неговата ќерка и не ѝ дозволил да го земе нивното бебе. Известен е јавен обвинител и Центарот за социјални работи Делчево и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопшти МВР.

Вчера околу 16:30 часот во СВР Скопје, С.Д., 29-годишна скопјанка, пријавила дека на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот партнер Е.Р., 35-годишен скопјанец. Исто така и Е.Р. пријавил дека бил физички нападнат од С.Д., која употребила и тврд предмет.

„Вчера во 15:30 часот во СВР копје, 61-годишен маж пријавил дека на 22 април, во домот на подрачјето на општина Аеродром бил физички нападнат од неговата партнерка К.П. и нејзиниот син П.П. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп не се помирува со поразот: Објави…

Американскиот претседател Доналд Трамп се огласи по…

Мицкоски од Диселдорф: Македонија 15 години не…

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека Македонија веќе…

Во Солун уапсен маж кој се барал…

Во Солун синоќа бил уапсен 43-годишен маж,…

Клековски најави формирање комисија за случајот со…

Министерот за здравство Сашо Клековски најави формирање…

„Волстрит џурнал“: НАТО подготвува планови за удари…

„Волстрит џурнал“: НАТО подготвува планови за удари…