Левица: Повторно доцни породилниот надоместок, исплатите се вршат селективно

t

„Додека премиерот Мицкоски говори за „поддршка на наталитетот“, во пракса нивните неспособни функционери дозволуваат мајките да чекаат без основни средства. Скандалозни се информациите дека породилниот надоместок повторно доцни со недели, а Фондот за здравствено осигурување молчи“ реагираат од Левица.

Од партијата велат „денес е 25 април, а голем дел од мајките сè уште немаат добиено надоместок за март“. Укажуваат дека од институциите добиваат неточни и променливи информации, најчесто дека „секој ден се очекува исплата, која сепак не се реализира за сите“.

„Исплатите се вршат селективно, по нејасни „групи“, без транспарентни критериуми. Некои мајки добиваат средства навреме, додека други чекаат две до три недели или повеќе. Не постои фиксен датум за исплата, туку секој месец мајките го дочекуваат со неизвесност“, велат од Лвевица.

Велат дека претходно бил одбиен нивниот предлог-закон за забрана за отказ при бременост.

„Ова повторно ја докажува игнорантноста на десничарската власт кон мајките. Потсетуваме дека претходно пратениците на Мицкоски го одбија предлог-законот на Левица за забрана за отказ при бременост! Наместо системска поддршка за мајките кога наталитетот драматично опаѓа, десничарите на власт штедат токму на нив. Левица јавно ги прашува министерот за здравство Азир Алиу и директорот на ФЗО Сашо Клековски – зошто повторно доцни породилниот надоместок? Дали ова потврдува дека буџетот е празен поради расипничкото работење на власта и цехот за тоа го плаќаат мајките со неизвесност и несигурност?“ прашуваат од партијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Левица: Повторно доцни породилниот надоместок, исплатите се…

„Додека премиерот Мицкоски говори за „поддршка на…

Левица: Со изборот на Ристоски, МРТ станува…

Од Левица остро реагираат на изборот на…

Левица: Македонските каратисти со сопствени средства патуваат…

Од Левица реагираат дека македонските каратисти кои…

Крмов: Левица со филибастер против штетните законски…

Пратеничката група на Левица ќе пристапи кон…

Левица: Македонците се во долгови до гуша…

Македонија навлегува во длабока економска криза. Трошоците…