Полициска акција во Скопје: За 8 часа санкционирани 105 возачи

t

Полицијата за 8 часа санкционирала 105 возачи во Скопје, соопшти Министерството за внатрешни работи.

„Денеска (25.04.2026) во периодот од 12:00  до 20:00 часот на подрачје на  Центар, Аеродром, Бит Пазар и Чаир во Скопје, одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје спроведе зајакната акциска контрола за прекршоци што ги прават возачите на велосипеди со помошен мотор, трицикли, четирицикли и мотоцикли, при што санкционирани се 105 возачи. Од нив
еден возач е санкциониран за управување на мотоцикл со несоодветна категорија,
11 мерки се изречени за управување велосипед со помошен мотор без возачка потврда, 50 санкции за возење без заштитен шлем (кацига), една мерка за управување нерегистриран мотоцикл, осум санкции за неносење на сообраќајна дозвола, една мерка за движење по несоодветна површина и 33 санкции за останати прекршоци“, велат од МВР.

За време на акциската контрола привремено одземен е еден мотоцикл нерегистриран повеќе од шест месеци.

„Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да се почитуваат сообраќајните правила и прописи и сите да придонесеме за побезбедни патишта“, стои во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Полициска акција во Скопје: За 8 часа…

Полицијата за 8 часа санкционирала 105 возачи…

Лажна е дојавата за бомби во „Сити…

Министерството за внатрешни работи соопшти дека дојавата…

Евакуиран „Сити мол“: Пристигнала дојава за бомба…

Евакуиран е трговскиот центар „Сити мол“, откако…

Кривична пријава за екс градоначалникот на Дојран…

СВР Струмица – ОВР Гевгелија поднесе кривична…

Кривична за екс директорка од Дојран: Активирала…

ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава до Основното…