Инспекторатот утврди пропусти: градилиштето не било обезбедено – немање заштита довело до трагедијата во Кисела Вода

t

Државниот инспекторат за труд утврди сериозни пропусти во безбедноста при работа на градилиштето во скопска Кисела Вода, каде загина 34-годишен работник од Крива Паланка, а тројца негови колеги беа повредени.

Според наодите на инспекторатот, иако сите ангажирани работници биле во работен однос кај подизведувачот, не биле преземени основни мерки за безбедност. Констатирано е дека не било извршено подградување на ивиците на темелната јама, ниту пак бил применет друг начин за заштита од обрушување на земјиштето – што, според инспекцијата, е директна причина за несреќата.

„Од областа на Безбедност и здравје при работа утврдено е дека не биле преземени колективни мерки за заштита, односно не било направено подградување на ивиците на темелната јама или друг начин за заштита од обрушување на земјиштето, што е и причина за несреќата“, информираат од Државниот инспекторат за труд.

Поради утврдените неправилности, изречена е усмена забрана за работа на градилиштето, која останува на сила сѐ додека не се отстранат причините за несреќата и не се обезбедат сите неопходни мерки за заштита на работниците. Од инвеститорот и изведувачот е побарано да ја достават целокупната документација поврзана со безбедноста и здравјето при работа.

Во меѓувреме, Основното јавно обвинителство продолжува со истрагата за утврдување на околностите под кои се случила несреќата, а издадена е и наредба за обдукција на починатиот работник. Повредените лица, на возраст од 35 до 45 години, се хоспитализирани во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, каде нивната состојба се следи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

72-годишна мајка нападната од ќерката, татко повреден…

Серија случаи на семејно насилство и инциденти…

Медузи ги запреа трите реактори на една…

Голем рој медузи предизвика привремено запирање на…

Судијата што се спротивстави на Орбан е…

Важи за еден од најценетите унгарски правници,…

Белорусија шверцува мигранти низ тунели до Латвија?

Латвиските власти открија тунел преку кој мигранти…

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче и Заев се главните…

СДС и актуелното раководство продолжуваат со лагите…