ССМ повикува на масовен протест на 1 Мај

t

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) упати повик за масовност до работниците за учество на овогодишниот првомајски протест, кој ќе се одржи под мотото „За плата се бориме, не се молиме“. Собирот е закажан за 1 мај во 11:00 часот, со почетна точка пред Работничкиот дом во Скопје.

„Работничката борба не е само еден протест, еден штрајк, една блокада, тоа е континуирана борба на работниците и синдикатите за зачувување и унапредување на работничките права. 1ви Мај, Меѓународниот ден на трудот е денот кога протестите и демонстрациите се должност кон работничката борба во минатото и обврска кон работничката борба во иднина.

Сојузот на синдикатите на Македонија од 2018 година, секоја година организира масовен работнички протест на 1ви Мај, Меѓународниот ден на трудот.
8-ма година по ред на 1 Мај со почеток во 11 часот од пред Работничкиот дом во Скопје започнува ПРОТЕСТ, оваа година под мотото ,,ЗА ПЛАТА СЕ БОРИМЕ, НЕ СЕ МОЛИМЕ”“, се вели во соопштението на ССМ.

Синдикалците порачуваат дека е време за обединетост и одлучност, со јасна порака до надлежните дека работниците во Македонија заслужуваат повисоки плати и праведен третман.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ССМ повикува на масовен протест на 1…

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) упати…

Трендафилов објави колку работници земаат просечна плата…

*Објава на Фејсбук на Слободан Трендафилов, претседател…

Трендафилов: Една минимална плата не е доволна…

Една минимална плата не е доволна ни…

Синдикалната кошничка порасна за речиси 1.000 денари…

Вредноста на Синдикалната минимална кошница за месец…

ССМ: Излези на протест – Македонија за…

НАЈАВА - ПРОТЕСТ 1 МАЈ Работничката борба…