Исчезна Горан Ременски од Валандово – семејството бара помош за негово пронаоѓање
Семејството Ременски од Валандово упати јавен апел до граѓаните за помош и информации поврзани со нивниот исчезнат роднина, Горан Ременски.
Според информациите што ги достави семејството, тој го напуштил својот дом на 25 април (сабота) околу 05:30 часот наутро. Во моментот на заминување бил облечен во црно дебело палто, темно тегет фармерки и црни патики.
Последен пат е забележан истиот ден околу 06:00 часот кај бензинската станица „GAMA OIL“, при што се движел во правец кон Струмица.
Семејството информира дека лицето во моментот не поседува телефон, ниту лични документи, поради што секоја информација од граѓаните може да биде од исклучителна важност за негово пронаоѓање.
Се замолуваат сите граѓани кои имаат било какви сознанија или информации да се јават на следниот контакт телефон: 075 245 187
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Напад на полицајци со нож во…
Двајца француски полицијци синоќа биле повредени со…
(Фото) Некој удрил срна со кола и…
Активисти итно бараат помош за срна која…
Водата во Скопје е безбедна за пиење,…
Во јавноста во изминатиот период се појавија…
Андоновска: Со години институциите пријавувале неправилности со…
Мали Фрчко не само да намали, туку…
ВЛЕН: ОХРИДСКИОТ ДОГОВОР НЕ Е ТАПИЈА НА…
Прес-конференција на ВЛЕН Пред дваесет и пет…