Ја гореле со цигара, па ја терале да јаде кучешки измет и сето тоа го снимале: Шестоодделенка преживеала хорор во Ѓорче Петров

t

Стравичен случај на ученичко насилство пријавиле родители од општината Ѓорче Петров за весникот Вечер. Девојче од шесто одделение завршило на лекар и психијатар откако било горено со цигари понижувано од соученичките во паркот близу општината.

Девојчето било присилувано да јаде измет од куче, а чинот бил сниман со мобилен телефон.

„Пријавено е дека малолетно девојче, во два наврати, било физички нападнато од неколку малолетнички од истото училиште. Извршени се службени разговори во присуство на родителите, прибрани се материјални докази, меѓу кои и видеозаписи, и во координација со ОЈО се преземаат мерки за расчистување на случајот“, информираат од МВР за медиумот.

Причината за нападот, според првичните информации, била комуникација преку социјалната мрежа „Инстаграм“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ја гореле со цигара, па ја терале…

Стравичен случај на ученичко насилство пријавиле родители…

Посебен режим на сообраќај во Скопје во…

На 29.04.2026 (среда), во официјална посета на…

Малолетници краделе во ГТЦ: Полицијата ги привела,…

Двајца малолетници биле приведени откако краделе од…

Уапсен 16 годишник од Скопје: Со други…

Шеснаесетгодишник од Скопје е уапсен откако претходно,…

Едно лице е повредено во судир на…

Едно лице е повредено откако се судриле…