(Видео) МВР со детали за падот на параглајдерот во Охрид кој урна канделабра: две лица биле на седиштето, нема повредени
Параглајдер со две лица завршил на пешачка патека во Охрид, при што била урната и канделабра, информира Министерството за внатрешни работи.
Според МВР, настанот бил пријавен на 26 април во 21:05 часот, а се случил околу 14:00 часот кај каналот „Студенчишта“.
„На 26.04.2026 во 21:05 часот во СВР Охрид е пријавено дека околу 14:00 часот две лица со параглајдер се спуштиле на пешачката патека после каналот „Студенчишта“ во Охрид, по што паднале на плочникот“, соопштија од МВР.
При падот, дел од опремата закачила улична инфраструктура.
„Притоа, дел од опремата на параглајдерот ја зафатила електричната канделабра поставена на централниот дел од патеката која се скршила и паднала на пешачката лента“, информираат од МВР.
Од полицијата велат дека засега нема пријава за повредени лица.
„Во СВР Охрид нема пријава за повредени лица, а во консултација со јавен обвинител, се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопштија од МВР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп не се помирува со поразот: Објави…
Американскиот претседател Доналд Трамп се огласи по…
Мицкоски од Диселдорф: Македонија 15 години не…
Премиерот Христијан Мицкоски вели дека Македонија веќе…
Во Солун уапсен маж кој се барал…
Во Солун синоќа бил уапсен 43-годишен маж,…
Клековски најави формирање комисија за случајот со…
Министерот за здравство Сашо Клековски најави формирање…
„Волстрит џурнал“: НАТО подготвува планови за удари…
„Волстрит џурнал“: НАТО подготвува планови за удари…