Судење за Пулс: Повеќето жртви се задушиле од јаглерод моноксид, дел починале од згмечување во стампедото
Во судницата беа презентирани едни од најтешките материјални докази во процесот – над 60 писмени извештаи од извршените обдукции на настраданите. Деталите од наодите на судска медицина откриваат морничава слика за последните моменти на жртвите, од кои голем дел биле на возраст од 16 до 25 години. Извештаите недвосмислено потврдуваат дека смртта кај сите настапила насилно.
Смртоносниот чад: Над 50 лица починале од јаглерод моноксид Читањето на наодите потврди дека најголемиот број од жртвите не починале од самиот оган, туку од густиот и отровен чад кој брзо го исполнил просторот, ] Обдукциите покажуваат дека кај повеќе од 50 лица, причина за насилната смрт е труење (интоксикација) со јаглерод моноксид.
Меѓу жртвите кои настрадале на овој начин се прочитани имињата на десетици млади луѓе, меѓу кои: Јорданчо Џамов (31), Иван Трајчев (24), Џоко Ѓорѓиев (24), Ивана Антова (21), Павел Христовски (20), Драгана Минова (16), Филип Ивановски (16), Димитар Иванов (16), Леонид Велков (17), Надуца Наунова (17), Сара Јорданов (17), Матеј Марковски (18) и многу други.
Стампедо и борба за воздух: Згмечување на градниот кош
Дел од обдукциските наоди сведочат за хаосот, паниката и стампедото кое настанало при обидот да се избега од пламените јазици. Кај четири од жртвите, експертите по судска медицина констатирале насилна смрт предизвикана од компресија, односно силен притисок на градниот кош, што укажува дека биле згмечени во толпата.
На овој начин настрадале: Стефанија Алексова (19), Диме Димитриев (31), Сара Алексова (21) и Моника Спасова (26).
Дополнително, кај дел од починатите, како Тоше Тодоровски (36), Адријан Живков (24) и Александар Алексов (38), како причина за смртта е наведен апсолутен недостаток на воздух и кислород во околната средина.
Термички изгореници и жртви кои починаа подоцна
Освен задушувањата, дел од извештаите сведочат за директното влијание на екстремно високите температури. Кај 30-годишниот Ѓорѓи Величков е констатирано термичко оштетување на горните дишни патишта.
На крајот од рочиштето беа презентирани и три дополнителни извештаи за лица кои им подлегнаа на повредите неколку недели подоцна, додека беа на лекување во клиники во странство:
Александар Глигоровски (29): Починал од акутна слабост на белите дробови како последица од тешкото труење со јаглерод моноксид.
Стојанче Стефанов (24): Починал како последица на тешки изгореници од трет степен во пределот на главата, телото и горните екстремитети.
Извор: 4 Њуз
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Судење за Пулс: Повеќето жртви се задушиле…
Во судницата беа презентирани едни од најтешките…
(Видео) Затворањето на Ормунскиот теснец предизвика домино…
Затворањето на Ормунскиот теснец, стратешки морски премин…
Сведоштво на мајка: „Моите деца беа жртви…
Скопјанка преку објава на социјалните мрежи сподели…
Рубио: Имаме индикации дека Моџтаба Хамнеи е…
Американскиот државен секретар, Марко Рубио, изјави дека…
Коњановски: Пешаците ќе го заобиколуваат трансформаторот
Денес градоначалникот Тони Коњановски одржа прес-конференција на…