Мисајловски оддаде почит на армиските „Волци“ убиени во масакрот кај Вејце
Министерот за одбрана, Владо Мисајловски денеска положи свежо цвеќе пред споменикот на убиените припадници на АРМ во масакрот кај Вејце во 2001 година.
-Денеска со длабока почит се потсетуваме на хероите кои го дадоа највредното за Македонија. Во касарната „Илинден“, пред спомен-обележјето на баталјонот за специјални сили, положивме венец со свежо цвеќе и оддадовме почит на Роберт Петковски, Бобан Трајковски, Миле Јаневски и Игор Костески. Пред 25 години, четворицата армиски припадници заедно со уште четворица припадници на Министерството за внатрешни работи трагично ги загубија своите животи во одбрана на татковината кај месноста Вејце. Нивната жртва засекогаш останува дел од нашето сеќавање, објави министерот Мисајловски.
Храброста и пожртвуваноста што ја покажаа не обврзуваат да паметиме, да оддаваме почит и да ја чуваме татковината.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Изборите во Израел без јасен победник: Арапите…
Претседателот на левичарската партија Демократи, Јаир Голан,…
Трамп: Наскоро состанок меѓу Путин и Зеленски
Американскиот претседател Доналд Трамп очекува дека наскоро…
Арагчи: Нов израелски напад врз Иран би…
Шефот на иранската дипломатија Абас Арагчи предупреди…
Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на…
Потпретседателката на Главниот одбор на Српската напредна…
САД НАРЕДИЈА ЕВАКУАЦИЈА НА ДЕЛ ОД ПЕРСОНАЛОТ…
Американскиот Стејт департмент наредил повлекување на дипломатскиот…