МФ: Нова транша во висина од 2,9 милиони евра од унагрскиот кредит достапна за компаниите

t

Нова транша од 176,6 милиони денари или приближно 2,9 милиони евра се трансферирани од централниот Буџет кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.

Ова е втора транша годинава којашто се пласира кон Развојната банка, а оттаму кон комерцијалните банки преку кои се пласираат средствата кон крајните корисници, компаниите, соопштуваат од Министерството за финансии.

Досега вкупно се пласирани во домашната економија 14 милијарди денари или 227,3 милиони евра.

– Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст.

Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95 отсто годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.

Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра – појаснуваат од Министерството за финансии испратено до медиумите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Муцунски за Ива Михаилова: Непристојно е земја…

Навистина е непристојно една земја членка на…

Ристовски за „Спорт фокус“: Инвестираме во спортската…

Министерот за спорт, Борко Ристовски, гостуваше во…

Гаши за гласањето во недела: Во Брвеница…

На вториот круг на локалните избори во…

Мицкоски: Јас сум за отворање рудник за…

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски  на денешната…

Полициска акција на повеќе од 10 локации…

Полициски службеници од Одделот за сузбивање на…