Пратениците на СДСМ ја напуштаат работата за Изборниот закон

t

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање, повтори дека пратеничката група на СДСМ ја напушта само работата во работната група за Изборниот закон, образложувајќи дека ќе се искористат сите демократски методи за да не се укине техничката влада.

„Ние ја напуштаме само работата во работната група за Изборниот закон, поради тоа што новиот Закон за влада, кој што се носи на овој начин, е нешто што значи сузбивање и на демократијата во земјата. Зошто? Поради тоа што не се созреани условите да се тргне техничката влада. Ако една влада, еден закон, техничка влада бил донесен со консензус во 2016 година, вратена повторно на лично барање на Христијан Мицкоски во 2018 година, и јасно стои во законот дека тоа ќе биде така до влегување на државата во Европска Унија“, рече Филипче.

Тој додаде дека без техничка влада не може да се гарантираат фер и демократски избори и најави дека СДСМ ќе ги искористи сите демократски методи.

„Нема гарант без техничка влада во форма како што е сега актуелна, донесена во 2016 година тој закон за изборите и за 2020, односно повторно закон во 2018 година, тоа единствениот гарант дека државава ќе има фер и демократски избори, а ние сме спремни да ги искористиме сите демократски методи за да се бориме против ова.“

Притоа, Филипче потенцираше дека сè што прави сега Владата на ВМРО e идентично со периодот на владеење на Никола Груевски, целосна контрола и партизација на институции, судство, медиуми.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е на иста линија со…

ВМРО-ДПМНЕ ја обвини опозициската СДС дека со…

СДСМ: Под радарот течат матни зделки на…

Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска –…

„Цените се до плафон – мерки од…

„Цените во Македонија со месеци се до…

Лефков: СДС знае само за „марихуана Македонија“,…

Венко Филипче и СДС напаѓаат се што…

СДСМ: Македонските медиуми не смеат да бидат…

По предупредувањата на македонските телевизии, по реакциите…