Снопче бара веднаш да се смени спомен-плочата за загинатите кај Вејце – „Борците на УЧК не се терористи“
Пратеникот од Алијанса за Албанците предводена од Арбен Таравари порача дека УЧК и нејзините борци не се терористи и бара веднаш да се смени таблата пред спомен-обележјето на баталјонот за специјални сили во касарната „Илинден“, поставена во спомен на загинатите специјалци и полицајци во масакрот кај Вејце во 2001 година. Тој реагира на објавата на министерот за одбрана Владо Мисајловски кој на годишнината од масакрот положи цвеќе пред споменикот.
„Денеска министерот за одбрана објави дека положил свежо цвеќе пред спомен обележјето, но зад него е горчливото минато кое не може да се игнорира. На спомен плочата сè уште има реченица која гласи: „Паднати во војна против албанските терористи“. Во 2026 година… уште овој јазик? Срамота и неправда. Ова не е само реченица. Тоа е отворена рана за илјадници семејства. Тоа е порака која им кажува на Албанците дека нивната жртва не е признаена, дека нивната историја е негирана“ вели во објавата Снопче.
Тој прашува „како може да зборуваме за Европа, за соживот, за заедничка иднина, кога во срцето на нашите институции има зборови кои делат и болат“.
„УЧК и нејзините борци не се терористи. Тие се дел од нашата историја, нашата болка и нашата издржливост. Нема вистински мир без почит. Не може да има соживот без достоинство. Ова мора да се смени. Сега“ пишува Снопче.
Снопче е загрижен и вознемирен дека поранешните припадници на УЧК се наречени терористи, но досега не слушнавме реакција или објава на социјалните мрежи од пратеникот дека на местото каде беа убиени и масакрирани осумина бранители има само имповизирана спомен плоча, бидејќи нема споменик или кога по секоја годишнина од Карпалак каде на 8 август 2001 година во заседа загинаа 10 бранители, редовно спомен-плочата е искршена.
Мисајловски во објавата напиша дека „со длабока почит се потсетуваме на хероите кои го дадоа највредното за Македонија“.
„Во касарната „Илинден“, пред спомен-обележјето на баталјонот за специјални сили, положивме венец со свежо цвеќе и оддадовме почит на Роберт Петковски, Бобан Трајковски, Миле Јаневски и Игор Костески.
Пред 25 години, четворицата армиски припадници заедно со уште четворица припадници на Министерството за внатрешни работи трагично ги загубија своите животи во одбрана на татковината кај месноста Вејце. Нивната жртва засекогаш останува дел од нашето сеќавање. Храброста и пожртвуваноста што ја покажаа не обврзуваат да паметиме, да оддаваме почит и да ја чуваме татковината“, напиша Мисајловски.
На 28 април 2001 година беа убиени четворица припадници на воената единица „Волци“ и полицајци при ОВР Битола, Роберт Петковски (27), Игор Костески (26), Миле Јаневски (30), Бобан Трајковски (28), Марјан Божиновски (27), Илче Стојановски (24) Бошко Најдовски (25) и Кире Костадиновски (24).
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Снопче бара веднаш да се смени спомен-плочата…
Пратеникот од Алијанса за Албанците предводена од…
(Фото-галерија) Положено свежо цвеќе на местото на…
Граѓани, припадници на АРМ, невладини организации, политички…
ТВ21: Жители на селото Вејце отсечени поради…
Снегот кој паѓаше во изминатите денови во…
Малолетник во Струга со мотоцикл прегази девојче…
МВР информира дека синоќа во 19.50 часот…
Левица оддаде почит на загинатите во Вејце…
„Денес во село Вејце, тетовско, положи свежо…