Тренчевска: Мицкоски на шверцерски начин ја укинува техничката Влада
Додека беше во опозиција, токму Христијан Мицкоски и неговата партија бараа и инсистираа техничката влада да постои токму до влегувањето во ЕУ, како гаранција за демократија, владеење на правото и фер изборни процеси. Тоа и се вметна во законско решение, вели пратеничката од СДСМ, Јована Тренчевска.
– Сега, кога е на власт, истиот Мицкоски го менува ставот и ја урива оваа законска обврска на шверцерски начин, без консензус и по скратена постапка во Собранието.
Наместо да го почитува законот што беше донесен со договор на четирите партии и меѓународната заедница и да обезбеди независна контрола преку техничката влада до ЕУ, актуелната власт:
* Го узурпира судството и јавното обвинителство и го става под директна контрола;
• Не го изгласа законот за заштита на личните податоци кои ги собира системот „Safe City“;
• Го партизира и го узурпира Министерството за внатрешни работи со нов закон кој овозможува партиски луѓе да се поставуваат на клучни позиции во полицијата;
• Контролира над 40% од медиумскиот простор преку Орбановите медиуми, ја партизираше МТВ со директор пријател на премиерот Мицкоски и врши притисок врз останатите медиуми преку финансирање со пари на граѓаните.
Ова е свесно уривање на механизмот за контрола и рамнотежа што беше договорен токму за да се спречи ваква концентрација на моќ во рацете на една партија.
Денес тоа е механизам кој може да обезбеди барем минимални услови за фер и демократски избори, бидејќи на власт се наоѓа криминална организација со Мицкоски на чело.
Техничката влада не е привилегија на опозицијата – таа е законска и демократска обврска до создавање на условите во општеството.
Јавно повикуваме да се почитуваат овој закон и да не ги менуваат одредбите, да остане техничката влада.
Демократијата не смее да биде загрозена! Укинување на техничката влада значи дека власта подготвува изборна кражба.
Доколку власта продолжи на сила да ја турка оваа измена и биде изгласана денеска во Собранието СДСМ ќе се повлече од работата за Изборниот закон. – вели Тренчевска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тренчевска: Мицкоски на шверцерски начин ја укинува…
Додека беше во опозиција, токму Христијан Мицкоски…
СДСМ бара оставка од Тошковски поради насилството…
СДСМ побара оставка од министерот за внатрешни…
Филипче: Со укинување на техничката влада власта…
Претседателот на СДСМ Венко Филипче во интервју…
Пратениците на СДСМ ја напуштаат работата за…
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во одговор…
(Видео) Филипче: Додека власта го блокира европскиот…
„Додека го блокира европскиот пат, половина ВМРО,…