Партијата на пензионери бара од Владата да исплати еднократна социјална помош
Партијата на пензионери во потполност ја поздравува и поддржува одлуката на градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, за донесување на решение за исплата на еднократна финансиска помош за вкупно 525 пензионери од општината. Во исто време бараат и ја поттикнуват Владата, да донесе слични решенија за најзагрозените сегменти на пензионерската популација на државно рамниште.
-Во ова време на големи егзистенцијални проблеми на одреден дел од пензионерите во државата како зголемени цени на храната, медикаментите, здравствените услуги и лекувањето во целост, горивата и многу други ставки во секојдневниот живот, финансиската поддршка и било каков друг облик на социјална помош и социјални пакети, се значајни активности кои обезбедуваат повеќе сигурност и достоинствен живот за највозрасните граѓани, велат од партијата.
Додаваат дека Партијата на пензионери, како и секогаш до сега, останува крајно посветена на креирање политики за заштита и унапредување на животниот стандард на пензионерите и сите категории на загрозени граѓани.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Се собираат донации за црквата „Св. Ѓорѓија“…
На социјалните мрежи се појави апел за…
Кина ѝ нуди помош на Куба за…
Кинеското Министерство за надворешни работи соопшти дека…
Исплатата на пензиите продолжува редовно, пензионерите да…
Министерството за социјална политика, демографија и млади…
Владата на Мицкоски создаде тотален хаос со…
„Владата на Мицкоски создаде тотален хаос со…
Бугарската влада одобри 460.000 евра помош за…
Бугарската влада ќе додели вкупно 900 илјади…