Објавено на:

Откриени подземни плантажи за канабис во стар рудник за цинк, запленети се 600.000 евра

t

Бугарската полиција откри огромна плантажа со канабис сместена во 20 подземни галерии во напуштен рудник за цинк. Како што информираа официјалните лица, во акцијата се обвинети три лица, додека по едно се уште се трага.

Заменик-директорот на Генералната дирекција за борба против организираниот криминал, Емил Борисов, соопшти дека се запленети 70 килограми дрога, 600.000 евра во кеш и 600 парчиња муниција.

„Поранешниот рудник бил опремен со високотехнолошка инфраструктура и веројатно се користел за производство на големо наменето за шверц во странство“, рече Борисов.

Заменик-градскиот обвинител Вихар Михаилов појасни дека рудникот располага со повеќе од 20 тунели, а сопственикот на објектот во моментов не е меѓу обвинетите. Фотографиите од теренот покажуваат дека галериите биле претворени во современи оранжерии, но и во простории за живеење, кујни и магацини.

„Ова е подземен град со објекти. Истрагата е во тек и веројатно ќе трае со месеци. Очекуваме помош од разни организации, експерти за рударство“, изјави Дарин Костов од Дирекцијата за рударство.

Според пишувањата на бугарските медиуми, двајца осомничени веќе се во притвор. Едниот се товари за дистрибуција на 67 килограми дрога, додека другиот за перење пари и нелегално поседување муниција. Сите четворица се соочуваат со обвиненија за кривичен заговор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

18-километарска колона од камиони на бугарскиот граничен…

Втор ден сообраќајот околу граничниот премин „Капитан…

(Видео) Луѓе се затворија во кафез пред…

Протестна акција, во која доброволци деноноќно ќе…

Радев: Целосно забрануваме рекламирање на игри на…

„Воведуваме целосна забрана за рекламирање на игри…

Бугарија врати над два тони кисело млеко…

Бугарските власти не дозволиле влез на пратка…

Радев најави американски инвестиции во Бугарија за…

„Го прекинавме влијанието на олигархијата врз власта.…