Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради протестот на ССМ
Утре (01.05.2026) со почеток во 11.00 часот во организација на Сојуз на синдикатите на Македонија ќе се одржи протест на 1-ви Мај – Меѓународниот ден на трудот.
Протестот предвидено е да започне пред зградата на ССМ на ул.„Мирче Ацев“ бр.4 со движење лево по ул.„Филип 2-ри Македонски“, десно по ул.„11-ти Октомври“, право по ул.„Димитрие Чуповски“, десно по ул.„Васил Главинов“, право по бул.„ВМРО“, лево по бул.„Илинден“ до пред Влада на Р.С. Македонија во Скопје.
Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај по горенаведените сообраќајници во град Скопје.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се движат учесниците.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Синдикалната кошница за август тежи 68.675 денари
Вредноста на синдикалната кошница за август 2026…
80 години од формирањето на Сојузот на…
Одбележуваме 80 години од создавањето на една…
Вечерва ќе се спроведе 13-тата дезинсекција против…
Вечерва на подрачјето на градот Скопје, ќе…
Водата во Скопје е исправна за пиење,…
Водата во Скопје е безбедна и ги…
Секторот за компјутерски криминал повика 13 лица…
Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста…