Славјанка Петровска се огради од Рубин Земон и раководството на СДСМ
Пратеничката Славјанка Петровска се огради од Рубин Земон, кој е член на Извршниот одбор на СДСМ, откако истиот во поткастот „Коридор 8“ зборуваше за улогата на Гоце Делчев.
-Гоце Делчев, ништо не напишал во животот, ниту една битка не извојувал никаде, а направен е мит од него. Требаат аргументи и докази. Која книга Гоце Делчев ја напишал? Што напишал човекот? Каде војувал? – рече Земон.
Петровска реагираше со објава на Фејсбук:
Гоце Делчев не е само историска личност од нашето минато, туку жива морална и национална вертикала врз која се темели македонската државотворна свест. Неговиот лик и неговото дело се длабоко вградени во колективната меморија на македонскиот народ, во нашата борба за слобода, правда и самобитност.
СДСМ е партија што својата идеолошка и политичка традиција ја гради врз темелите на АСНОМ, антифашистичката борба и непоколебливата определба за заштита на македонскиот идентитет, јазик и историска посебност. Тие вредности не смеат да бидат предмет на компромис, ниту пак да со било какво дејствување бидат доведени во прашање од позиции во рамки на партиските органи.
Верувам дека е време сите, со одговорност и зрелост, да се навратиме на суштината: кои се вредностите што ги застапуваме, кого претставуваме и каква политичка порака испраќаме кон граѓаните. Не е доволно само декларативно да се повикуваме на нашите историски корени, ако во пракса не покажуваме доследност кон нив.
Како член на СДСМ и како почитувач на темелните вредности се оградувам од секоја помисла за доведување во прашање на значењето на Великанот и неговиот влог во слободата што ја живееме денес.
Почитта кон Гоце Делчев не е прашање на дневна политика. Таа е прашање на достоинство, историска свест и одговорност кон генерациите што доаѓаат.
Му се поклонувам на Великанот Гоце Делчев, кому му се поклонуваат државници од целиот свет.
И повторно, загрижено ќе напишам: Ако не се промениме, ќе исчезнеме!
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Славјанка Петровска се огради од Рубин Земон…
Пратеничката Славјанка Петровска се огради од Рубин…
Куновска: Секојдневно се прашувам, можно ли е…
Софија Куновска повторно излезе со критики до…
Филипче на X: Со Мицкоски Македонија падна…
Со Мицкоски Македонија падна за 3 места…
(Видео) Крмов: СДСМ во страв од Левица…
По денешниот состанок на работната група за…
Тренчевска: Мицкоски на шверцерски начин ја укинува…
Додека беше во опозиција, токму Христијан Мицкоски…