МВР утре со посебен сообраќаен режим во Скопје поради Првомајскиот протест на ССМ

t

Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека утре во централното подрачје на Скопје ќе биде воспоставен посебен сообраќаен режим поради протестот што по повод 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот, го организира Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ).

Првомајскиот протест, како што е најавено, треба да започне во 11 часот пред зградата на ССМ, односно Работничкиот дом, а ќе заврши пред Владата на булеварот Илинден.

Во соопштението на МВР е наведена целата рута на движење, односно улиците и булеварите на кои ќењ бидат под посебен сообраќаен режим.

„Протестот е предвидено да започне пред зградата на ССМ на ул. ‘Мирче Ацев’ бр. 4 со движење лево по ул. ’Филип Втори Македонски’, десно по ул. ’11 Октомври’, право по ул. ‘Димитрие Чуповски’, десно по ул. ‘Васил Главинов’, право по булевар ‘ВМРО’, лево по бул. ‘Илинден’ до пред Влада на РС Македонија во Скопје. Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај по горенаведените сообраќајници во град Скопје“, се вели во соопштението од МВР.

Од Министерството апелираат до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците по кои ќе се движат учесниците на протестот.

Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, Слободан Трендафилов, вчера на прес-конференција порача дека работниците треба масовно да излезат на улица и јасно да го изразат незадоволството од ниските плати, слабата заштита на работничките права и игнорантскиот однос на институциите и работодавачите.

Протестот, како што најави, ќе започне во 11 часот пред Работничкиот дом на ССМ, по што ќе продолжи пред Собранието, Стопанската комора и Владата, каде што ќе бидат упатени главните синдикални барања.

Во фокусот на протестот, посочи Трендафилов, ќе биде барањето за зголемување на минималната плата на 600 евра, што, според ССМ, е неопходен минимум за достоинствен живот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

МВР утре со посебен сообраќаен режим во…

Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека…

Цената на нафтата Брент надмина 125 долари,…

Цената на нафтата Брент се искачи над…

Одложен „Маршот на ангелите“ поради првомајските празници:…

Традиционалниот протестен марш познат како „Маршот на…

Америка го испраќа моќниот „Темен орел“ на…

Војната меѓу Иран од една страна, и…

Шефот на армијата на Уганда има 14%…

Началникот на вооружените сили на Уганда, Мухузи…