Арбреша Беџети Ферати станала професор на Универзитетот во Тетово без доказ за завршен втор циклус

t

Голем број органи во рамките на Универзитетот во Тетово се вклучени во противзаконско академско унапредување, соопштија од невладината организација Форум за образовни промени преку прес-конференција. За нив е спорно што наставно-научниот совет на 8 април 2026 година одлучил на тамошна професорка да ѝ се додели академското звање редовен професор.

„Овој случај е показател дека процесот на унапредувањата повеќе нема никаква врска со тоа колку знаеш, туку кого познаваш. Арбреша Беџети Ферати, ангажирана на Медицинскиот факултет и истовремено сопруга на претседателот на Сенатот на Универзитетот во Тетово, успеала да биде унапредена во академски звања спротивно на повеќе од 15 законски и статутарни одредби, според извештајот на Државниот просветен инспекторат. Ова го овозможиле неколку органи, меѓу кои Наставно-научниот совет на Медицинскиот факултет, Сенатот на Универзитетот во Тетово и рецензентската комисија“, изјави Бленди Ходаи, Форум за образовни промени -Тетово.

Од организацијата велат дека информациите ги добиле од Државниот просветен инспекторат со барање до јавни информации. Според нив, Инспекторатот на 8 април, истиот ден кога е доделено унапредувањето има почнато инспекциски надзор на постапката.

„Тука не станува збор за индивидуален случај, туку за добро организирана шема. Покрај прекршувањата на Законот за високото образование, ФОП упатува апел до Јавното обвинителство да ги истражи можните кривични прекршувања како злоупотреба на службена должност, потенцијално фалсификување на документи, како и конфликт на интереси“, објаснува Ходаи, Форум за образовни промени -Тетово.

Телма побара став за изјавите на невладината организација, а телефонски ни беше посочено дека ќе се изјаснат наредната недела.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Изборите во Израел без јасен победник: Арапите…

Претседателот на левичарската партија Демократи, Јаир Голан,…

Трамп: Наскоро состанок меѓу Путин и Зеленски

Американскиот претседател Доналд Трамп очекува дека наскоро…

Арагчи: Нов израелски напад врз Иран би…

Шефот на иранската дипломатија Абас Арагчи предупреди…

Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на…

Потпретседателката на Главниот одбор на Српската напредна…

САД НАРЕДИЈА ЕВАКУАЦИЈА НА ДЕЛ ОД ПЕРСОНАЛОТ…

Американскиот Стејт департмент наредил повлекување на дипломатскиот…