Денеска, на повеќе места, бесплатен паркинг во Скопје
По повод 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот, денеска дел од паркиралиштата со кои стопанисуваат ЈП „Паркинзи“ на Општина Центар и ЈП „Градски паркинг“ – Скопје ќе бидат бесплатни за сите граѓани.
Редовно ќе се наплаќаат само затворените паркиралишта со автоматска наплата „Дилајла“, „Трготекстил“ и „Палома Бјанка“ кои се во надлежност на ЈП „Паркинзи“ на Општина Центар, како и зона А0 Водно, катните гаражи „Беко“ и „26 Јули“ и јавните паркиралишта Кочо Рацин, Градска Болница, Нова Македонија, АМСМ, Народен фронт, Треска и клинички центар Мајка Тереза кои се под ЈП „Градски паркинг“ – Скопје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВНИМАНИЕ: Од лажна паркинг карта со QR…
ЈП Паркинзи на Општина Центар издаде предупредување…
ЈП Градски паркинг од утре со летно…
Град Скопје ги информира граѓаните дека од…
Градски паркинг со санкции за 122 непрописно…
Во текот на изминатата недела (18.05 –…
Кампања „Не молчи, пријави! Заедно против неправилностите”…
В.д. директорот на ЈП Градски паркинг –…
Се скарале па довршиле со тупаници: Тепачка…
Основното јавно обвинителство – Гостивар поднесе обвинителен…