Мицкоски: ДДВ за дизелот останува 18 проценти, се проверува дали компании прават реекспорт на горива во соседството
Во овој момент остануваме на мерката намалено ДДВ на 10 отсто за бензините 95 и 98, како и на мерката намалени акцизи. Дизел горивото од понеделник очекувам да биде поевтино, а ДДВ за него ќе остане 18 проценти. По напорни и тешки преговори со „Окта“ успеавме да го продолжиме попустот што претходно беше договорен – дополнителни два денари по литар за бензините и три денари за литар дизел. И тоа ќе трае до 18 мај. Дотогаш имаме договор, а за потоа ќе видиме. Се надеваме дека ќе заврши кризата и дека ќе можеме да влеземе во нормална состојба, но да почекаме. Важно е дека попустите продолжуваат за сите компании што добиваат бензини и дизел од „Окта“- рече денеска премиерот Христијан Мицкоски.
Мицкоски е изненаден од тоа што, наводно, некои компании кои го користат овој попуст, прават реекспорт на бензините и дизелот во соседните држави, но ваквите информации, како што нагласи, се уште се проверува дали се точни.
-Она што мене ме изненади, а го проверуваме дали е точно, е фактот дека некои од компаниите што го користат овој попуст, прават реекспорт на бензините и дизелот во соседните држави. Јас апелирам, ако е тоа точно, а проверуваме дали е точно, дека нема потреба тоа да го прават бидејќи ние не ги затворивме границите за граѓаните од нашите соседи. Тие и сега слободно ги точат гориво на бензинските пумпи во Македонија. Нема потреба од ваков тип шпекулативно однесување доколку е точно, а ние проверуваме дали е тоа точно бидејќи таа информација ја добивме. Има држави кои забранија реекспорт, износ на нафти и нафтени деривати, ние тоа не го направивме како држава- истакна премиерот.
На новинарско прашање дали ќе се оди со намалување на ДДВ за нафтените деривати, премиерот уште еднаш кажа дека според податоците на Меѓународниот монетарен фонд, Македонија е трета земја во Европа според имплементацијата на мерки со кои се штити стандардот на граѓаните.
-Имаме убедливо најниски горива кои се за 30 до 50 проценти поевтини од горивата во соседството. Во овој момент остануваме на мерката намалено ДДВ за бензините, 95 и 98 октански, на 10 отсто. Остануваме на мерката намалени акцизи. Просекот на Платс во Италија за бензините ќе значи намалени акцизи за два денари за литар, а за дизелот четири денари за литар, она што е просек од втората половина на април. Така ќе биде следниве две недели. Што се однесува до ДДВ-то кај дизел горивото, тоа ќе остане на 18 проценти и со тоа нашето дизел гориво е 30 до 50 евроценти по литар поевтино од дизел горивото во соседството денес. Очекувам од понеделник да биде и повеќе поевтино, имајќи предвид дека најголемиот дел од земјите од соседството, Србија, денеска ќе ги определи новите цени, а останатите држави од понеделник и вторник како и секогаш- рече премиерот кој во Охрид присуствуваше на поставување камен-темелник на изградба на катна гаража, позади Градскиот пазар.
Мицкоски ќе изврши и увид на градежните активности на плоштадот „Кај Чинарот“, како и увид на проектот за пумпната станица „Метропол“, а е придружуван од вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски: ДДВ за дизелот останува 18 проценти,…
Во овој момент остануваме на мерката намалено…
Владата ги продолжи мерките за горивата до…
Владата на денешната седница, разгледувајќи ја актуелната…
Нови цени од полноќ: Дизелот поевтинува за…
Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за…
(Видео) Се намалува акцизата за горива, продолжува…
Ја продолжуваме до крајот на кризната состојба…
Германија разгледува укинување на ДДВ за храна,…
Поради зголемувањето на цените на горивата, расте…