Мицкоски најави завршување на Плаошник

t

Премиерот Христијан Мицкоски кој денеска е во посета на Охрид, каде почна со изградба катна гаража, најави и завршување на проектот Плаошник, почнат пред повеќе години.

„Следен проект што мислам дека треба многу внимателно да му се посвети внимание овде во Охрид е Плаошник. Конечно да го завршиме тој проект, почнат од пред многу време“, истакна Мицкоски.

Порача дека Владата останува посветена на приоритетите предложени од општините и пратениците, кои веќе се во фаза на реализација.

За време на посетата на Охрид, тој потенцираше дека се работи здружено за Охрид да добие нов лик.

„Би сакал само да споменам дека дел од приоритетите коишто ги имаше општината и дел од проектите коишто ги предложија и пратениците се или реализирани или се во фаза на реализација или ќе отпочнат да се реализираат“, рече Мицкоски.

Тој ги повика граѓаните да го следат прогресот на автопатот и најави дека крајниот рок за негово завршување е првиот квартал од 2027 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Охрид ќарува 700.000 евра годишно од закупот…

Уредувањето и користењето на охридските плажи на…

Приведен 28-годишен државјанин на Словенија – ја…

Полициски службеници од СВР Охрид на 26…

Охридскиот регион го задржа статусот на заштитено…

Комитетот за светско наследство на УНЕСКО одлучи…

Охрид на чекор да биде прогласен за…

Комитетот за светско наследство на УНЕСКО препорача…

Дрон со термална камера за првпат бараше…

Планинската спасителна служба од Охрид синоќа со…