СДСМ: Работата на историската комисија покажува дека власта подготвува внесување на Бугарите во Уставот
СДСМ преку партиско соопштение обвини дека премиерот Владата на Христијан Мицкоски веќе се подготвува да ги внесе Бугарите во Уставот, посочувајќи дека Заедничката историска комисија меѓу Македонија и Бугарија редовно одржува средби.
Повод за реакцијата е изјавата на заменик-министерот за надворешни работи Зоран Димитровски, кој во телевизиска емисија кажа дека комисијата функционира и редовно се состанува.
Од СДСМ прашуваат зошто јавноста досега не била информирана за работата на комисијата и тврдат дека нејзиното активирање значи дека власта „тивко се подготвува“ за уставни измени.
Партијата потсетува и на неодамнешната изјава на Мицкоски дека „во јуни ќе ги реши сите реформски прашања“, и дека „наскоро од Брисел ќе стигне вест дека Македонија е рамо до рамо со Црна Гора“ по прашањето на европските интеграции, оценувајќи дека тоа е сигнал оти се подготвува внесување на Бугарите во Уставот.
„СДСМ останува на ставот дека малцинствата треба да се внесат во Уставот и да се продолжи патот кон ЕУ“, соопштија социјалдемократите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фала на поддршката ама и вие и…
Српски студент како глас на српските стденти…
Платформата „12.05“: Филипче го жртвуваше Радески во…
Раководството на СДСМ се повеќе наликува на…
ВМРО-ДПМНЕ: Реформаторите на СДС го тролаат „лидерот“…
СДСМ со Венко Филипче се бетонира како…
Првоодделенска грешка на транспарент на СДСМ: Македонија…
СДСМ денес објави транспарент на кој пишува…
ВМРО-ДПМНЕ: Добро е што Кузеска признава дека…
ВМРО-ДПМНЕ реагира на прес-конференцијата на Богданка Кузеска,…