Објавено на:

Сообраќајка во Штип: Малолетни мотоциклисти повредени во судир – децата биле пијани

t

Вчера околу 17:00 часот во СВР Штип е пријавено дека на крстосницата од ул.„Борис Крајгер“ и ул.„Анте Банина“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“ со штипски регистарски ознаки, управувано од М.С.(64) од Штип и мотоцикл „априлија“ со штипски регистарски ознаки, управуван од малолетник од Штип.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот, додека со телесни повреди неговиот малолетен сопатник од Штип, констатирани во Клиничка болница Штип.
По извршени проверки, било констатирано дека двајцата малолетници се под дејство на алкохол, кај возачот на мотоциклот се измерени 0,27 а кај неговиот сопатник 0,16 промили алкохол во крвта.
По наредба на јавен обвинител, извршен е увид од увидна екипа на СВР Штип.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

43-годишен маж сам се повредил со воздушна…

На 30.04.2026 во 08:55 часот во ОВР…

Лишени од слобода седум возачи за безобѕирно…

Во текот на изминатото деноноќие на целата…

Велешанец допирал малолетничка кај градскиот пазар

МВР информира дека утринава во 09:05 часот,…

Две жени се степале во пехчевско село

На 29.04.2026 во 09:30 часот во Полициската…