Лишени од слобода пет лица за семејно насилство
Лишени од слобода пет лица за семејно насилство, двајца од Куманово, едно лице од Љубљана, Р.Словенија, едно лице од струмичко и едно од Велес, соопштија од МВР.
На 01.05.2026 во 21:00 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода М.С.(35) од Куманово затоа што физички ги нападнал неговата 31 годишна сопруга и двете малолетни деца.
На 01.05.2026 во 23:40 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода М.Д.(57) од Куманово затоа што физички ја нападнал неговата 28-годишна ќерка.
На 01.05.2026 во 20:40 часот, на булеварот ,,Македонски Просветители“, во Охрид лишен од слобода е И.К.(48) од Љубљана, Република Словенија по претходна пријава дека во стан во Охрид, по вербална расправија физички ја нападнал неговата сопруга.
На 01.05.2026 во 16:00 часот во струмичко село, полициски службеници од СВР Струмица лишија од слобода 36-годишен жител од тоа село, постапувајќи по претходна пријава дека агресивно се однесувал кон неговата 65-годишна мајка.
На 01.05.2026 во 08:30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес лишија од слобода 23-годишен велешанец, постапувајќи по претходна пријава дека во домот физички ја нападнал неговата 24-годишна сестра.
По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кај гостиварец и тетовец пронајдена марихуана
На 26.09.2026 во 12:30 часот на ул.„Мара…
Полицијата одзема мотор од 16-годишник, возел без…
На 26.09.2026 во 17:30 часот во Гостивар,…
Малолетници пронашле неексплодирана рачна бомба, во полицијата…
Неексплодирана експлозивна направа била пронајдена во планински…
Малолетник фрлил пиротехничко средство во Капиштец, избувнал…
Пожар избувнал синоќа во парк во скопската…
Кривична пријава против четири лица за сторени…
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Е.В.(43)…