Објавено на:

„Со ножевите во рака тргнаа кон мене“ – вознемирувачко сведоштво од автобус во Скопје

t

Празничен ден, пикник и детска радост, но за неколку минути сè се претворило во сцена на страв и насилство. Скопјанката Наташа Младеновска сведочи за инцидент во автобус од Водно кон центарот на Скопје, во кој учествувале малолетници, а ситуацијата ескалирала до вадење ножеви.

Според нејзиното сведоштво, сè започнало со недоразбирања меѓу деца на возраст од околу 16 години, кои брзо прераснале во провокации и закани. Клучниот момент, како што вели, бил кога дел од нив извадиле ножеви.

„Добив повик од ќерка ми. Паника. Плачење. Глас кој се тресе“, раскажува Младеновска, која веднаш тргнала со автомобил за да стигне до местото на настанот.

Во обид да спречи поголем инцидент, таа ги пронашла младите и директно им се обратила.

„Четворица. Две девојчиња и нивните дечковци. Бесни, под дејство на алкохол, со ножеви во рака тргнаа кон мене“, наведува таа.

Со присебност, вели, успеала да ја смири ситуацијата, иако, како што признава, била подготвена на сè.

„Го оттурнав хаосот со зборови, а одвнатре – вулкани“, додава.

Инцидентот завршил без физички последици, но според неа, суштинскиот проблем останува.

„Не можам да се смирам од мислата што можеше да се случи. Денес децата носат ножеви како да е тоа нормално“, предупредува Младеновска.

Таа укажува на поширок проблем – присуство на алкохол, насилство и агресија кај малолетници, како и страв кај граѓаните да реагираат.

„Ова не е само приказна од еден ден. Ова е реалност. Прашањето е – до кога?“

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонија се подготвува официјално да се приклучи…

Македонија  се подготвува во септември официјално да…

ЕУ подготвува мерки: 11,6 проценти од младите…

Европската Унија предлага значително зголемување на акцизите…

Ангелов: Пожарот се прошири и зафати делови…

Пожарот што избувна попладнево во близина на…

Tрамп со брутална порака до Иран: „Она…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави денес дека…

Русија издаде налог за апсење на правнукот…

Русија го бара правнукот на Кенеди оти…