Големи промени во пензискиот систем: Инвестирањето ќе зависи од возраста на осигурениците

t

Министерството за социјална политика подготвува значајни реформи во управувањето со средствата од вториот и третиот пензиски столб, со цел да се подобри ефикасноста и сигурноста на пензиските заштеди.

Клучната новина во предложените измени е воведувањето на таканаречени мултифондови, кои ќе овозможат различни стратегии на инвестирање во зависност од возраста на осигурениците и времето што им преостанува до пензионирање.

Според новиот концепт, распределбата на средствата ќе се врши по јасно утврдени возрасни категории. За осигурениците до 45 години се предвидува инвестирање во растечки или балансирани портфолија, што подразбира поголем ризик, но и потенцијално повисоки приноси. За лицата на возраст меѓу 45 и 57 години ќе постои флексибилност, односно можност за избор меѓу растечко, балансирано или конзервативно портфолио, во зависност од нивните лични преференции и толеранција на ризик. За осигурениците над 57 години, фокусот ќе биде ставен на балансирани и конзервативни портфолија, каде приоритет ќе има сигурноста и зачувувањето на вредноста на средствата.

Реформите доаѓаат како одговор на сегашната поставеност на системот, која се смета за премногу крута. Во моментов, околу 30 проценти од средствата се инвестираат во акции со варијабилен принос, што може да претставува сериозен ризик за лицата кои се блиску до пензионирање.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Големи промени во пензискиот систем: Инвестирањето ќе…

Министерството за социјална политика подготвува значајни реформи…

„Договорот за набавка на 150 автобуси во…

Понудата на унгарската компанија „Електробус- Икарус” и…

Скопје под засилена контрола: Санкционирани 113 мотоциклисти,…

Во засилена акциска контрола на полицијата, во…

Србија одбележува три години од масовното убиство…

Денес се навршуваат три години откако ученикот…

Трамп: Драстично ќе го намалиме присуството на…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави доцна во…