Објавено на:

Три ЕУ држави се побунија против новите гранични контроли

t

Португалија и Италија се следните популарни туристички дестинации за кои се очекува привремено да се откажат од контроверзните нови гранични контроли на Европската Унија за да се избегне хаос за време на претстојните училишни распусти. Експертите за туризам веруваат дека ова ќе ги спаси британските туристи од проблемите предизвикани од хаотичното воведување на новиот систем, пишува Дејли Меил.

Грција веќе привремено ги суспендираше новите правила за Систем за влез и излез (EES) за британските туристи до септември, откако нивното воведување предизвика огромни гужви и доцнења.

Правилата диктираат дека сите посетители од земји надвор од ЕУ мора да ги дадат своите биометриски податоци,  да го скенираат своето лице и отпечатоци од прсти, на специјални киосци на аеродромите и на граничните премини.

Португалија веќе ги пропушта патниците без биометриски проверки ако има премногу гужви, и се очекува дека заедно со Италија, пред мајските училишни распусти, ќе го следат примерот на Грција и ќе им дозволат на туристите да влезат само со печат во пасошот.

Шпанија, Франција и Хрватска би можеле да ги следат нивните стапки, бидејќи Системот за влез и излез (ЕЕС) се чини предизвика повеќе проблеми со неисправна биометриска технологија и недостаток на персонал.

Шејмус Меколи од туристичката компанија Холидеј Екстрас рече дека многу земји нема да имаат друг избор освен да ги игнорираат правилата на ЕУ за заштита на егзистенцијата на своите граѓани кои зависат од туризмот.

-Земјите нема да седат со скрстени раце и да гледаат како Грција ги презема нивните туристи само затоа што патниците таму не се соочуваат со доцнења поради ЕЕС. Тоа би било политички катастрофално бидејќи работните места се во прашањ“, рече тој.

Според него воведувањето на системот е целосен неуспех, бидејќи британските туристи годишно носат 3,5 милијарди евра во грчката економија и Грција со право одлучила дека тоа нема да биде доведено во прашање поради ЕЕС кој не функционира правилно.

Меколи додаде дека е скоро сигурно дека Португалија и Италија наскоро ќе го следат примерот.

-После тоа, целиот систем би можел да се сруши како кула од карти. Шпанија, Франција и Хрватска би можеле да дојдат до истиот заклучок бидејќи никој не сака нивните туристи да одат во друга земја само заради усогласување со ЕУ, истакна Меколи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕУ испраќа претставници во Кина за да…

Група претставници на ЕУ во наредните денови…

Украина ќе добие над 6 милијарди евра…

Европската комисија денес соопшти дека Украина ќе…

Ерменија наскоро ќе поднесе формална кандидатура за…

Ерменија наскоро ќе започне со подготовки за…

Србија не побара помош од ЕУ за…

Србија не го активирала Механизмот за цивилна…

Euronews: Брисел е заинтересиран да ги следи…

Европската комисија можеби тивко ги следи неидентификуваните…