Македонија-Естонија: Визни олеснувања и директни авионски линии би ги зближиле двата народи
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денес во Ереван оствари средба со претседателот на Република Еременија, Вахан Хачатурјан, на која што обајцата изразија подготвеност за продлабочување на пријателските односи и унапредување на соработката,
Сиљановска-Давкова освен што е во посета на Ерменија таа учествува и 8.Самит на Европската политичка заедница.
Ерменскиот претседател на средбата истакнал дека е голема чест, иако не се земја-членка на Европската Унија, да бидат домаќини на овој настан.
Двајцата претседатели, како што соопштија од кабинетот на Сиљановска Давкова на првата билатерална средба препознале почеток на ново поглавје во меѓусебните односи и можности за конкретна соработка.
-Претседателите се согласија дека визните олеснувања и директните авионски врски би придонеле за унапредување на економската соработка и трговската размена во иднина, коишто се на ниско ниво, соопштија од кабинетот на Сиљановска Давкова.
Сиљановска-Давкова оцени дека Европската политичка заедница постепено се афирмира како значајна платформа за европско единство, дијалог и координација во соочувањето со заедничките предизвици.
-Областите во коишто препознаваат можности за отпочнување на соработка се: информатичките технологии и дигиталните услуги, земјоделството, прехранбената и фармацевтската индустрија, туризмот, како и секторите базирани на иновации и знаење, соопштија од кабинетот на претседателката.
Двајцата претседатели укажаа на потребата од склучување билатерални договори и поттикнување на директни контакти меѓу бизнис-заедниците, преку организирање бизнис-форуми.
Според Сиљановска-Давкова, за зближување на двата народа особено се важни: културната дипломатија, образовната и академска соработка, како и студентската размена преку програмата Еразмус плус, во којашто обете држави учествуваат. Таа ја истакна улогата на ерменската заедница во Македонија, којашто е малубројна, но угледна и почитувана.
-Претседателката го поддржа продлабочувањето на соработката на Ерменија со Европската Унија, напорите за усогласување со европските политики и стандарди, како и посветеноста на реформите, особено на владеење на правото. Хачатурјан посака успех на македонскиот пат кон ЕУ, соопштија од кабинетот на Сиљановска Давкова
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДЗС: безбедно отстранети две минофрлачки гранати од…
Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) безбедно…
Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…
Досието на Македонија е многу сложено, но…
Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…
Македонија со седум борачи на Светското првенство…
На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…
ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…
ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…