ДУИ: Коруптивната мрежа со компанијата блиска до Милорад Додик е подлабока – Откриени се двa нови договори потпишани од Бурим Латифи
Демократската унија за интеграција соопштува дека Бурим Латифи и државното претпријатие МЕПСО не застанале само на еден договор, туку го продлабочиле соработувањето со компанијата „Елнос БЛ“ од Република Српска, блиска до Милорад Додик.
Бурим Латифи и МЕПСО, во истиот ден, склучиле не еден, туку два договори со оваа компанија, што отвора сериозни прашања за начинот и транспарентноста на оваа соработка.
ДУИ бара од Латифи јавно и транспарентно да ја објави првичната одлука на надлежниот орган, преку која претпријатието изгубило повеќемилионски спор на штета на државата.
Во досегашните комуникации на МЕПСО и субјектот ВЛЕН, никогаш не е негирана поврзаноста што компаниите дел од конзорциумот „Елнос БЛ“ и „Кодар Електромонтажа“ ја имаат со лица како Милорад Додик и Александар Вучиќ.
Како одбрана, тие нагласуваат дека новиот тендер е добиен од конзорциум предводен од хрватската компанија „Далековод“, позната по своето меѓународно искуство и работење според најстрогите европски стандарди.
Сепак, во нивните образложенија останува нејасно зошто нема никаков осврт на улогата на другите две компании во овој конзорциум или дали молкот е намерен за да се избегне вистината.
Ова е петти ден како Бурим Латифи молчи и не се изјаснува зошто неговите договори со компанијата од Република Српска довеле до штета од 6 милиони евра. Надлежното обвинителство во земјата треба да го истражи секој детал. Станува збор за милионски суми што паѓаат на товар на граѓаните.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВЛЕН: ДАЛИ АХМЕТИ ГО ПУШТА ГРУБИ НИЗ…
Колку повеќе Али Ахмети се обидува да…
ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за…
Демократската унија за интеграција ја поздравува изјавата…
ВЛЕН: Бујар Османи живее во апсурдистанот на…
Оваа нереформирана ДУИ никако да ја разбере…
ДУИ: Касами го заборава албанското знаме
ДУИ преку соопштение реагираше по одбележувањето на…
Дали има договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ…
„Да, бараме“ - вака потпретседателот на ДУИ,…