Кузеска: Груевски од Унгарија наведува што треба да истражуваат институциите
Никола Груевски, осудениот криминалец во бегство, повторно се огласува од Унгарија и директно „наредува“ на институциите и обвинителствата што треба да се истражува. Исто како што Мицкоски „наредува“ од собраниската говорница и од телевизија. Тој манир го имаат сите од ВМРО – ОКГ. Иста матрица, исто школо, вели портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.
„Вистината е едноставна и јасна: криминалецот мора да биде приведен пред правдата и да одговара за делата што ги сторил. Она што Груевски го правеше тогаш, а неговата банда го продолжува денес, Македонија ја чини скапо не само во пари, туку и за иднината, децата, на младите. Корупцијата, тендерите, кражбата на државата и уништувањето на институциите, сето тоа нè чини скапо и нè држи назад. Изјавата како прашање на Груевски „кој е сега на власт во Македонија?“ и неговото чудење зошто Министерството за правда зборува за екстрадиција и собира документи, најдобро ја покажува селективната правда на која ВМРО-ОКГ е навикнато. За нив тоа е сосема нормално. Токму тој систем Мицкоски го продолжува“, вели Кузеска.
Таа обвинува дека премиерот поставува свои луѓе во судството, обвинителството и полицијата.
„Поставува свои луѓе во судството, обвинителството, полицијата. Целосна партизација на системот, целосна контрола над наводно „независните“ институции. Уште една потврда дека демократија нема кога ВМРО-ОКГ ја презема власта. Сè она што се случуваше за време на власта на Груевски, се случува и сега со Мицкоски. Чиста автократија, диктатура на еден човек. Министерот Филков од ЗНАМ, кое настана од отпадници на СДСМ, сателит на ВМРО и дел од тендер коалицијата, е поставен токму на тоа место поради работата која долго време се подготвувала, да не биде ВМРО тој кој ќе го ослободи или ќе го апси Груевски“, рече Кузеска.
Портпаролката на СДСМ вели дека Македонија мора повторно да стане слободна земја.
„Македонија мора повторно да стане слободна земја, без криминал и корупција за да може да продолжи по европскиот пат. СДСМ еднаш веќе ја ослободи Македонија од оваа криминална група. И повторно ќе го стори тоа. А овие денес, неговите ученици и наследници предводени од Мицкоски, ќе одговараат пред законот. Груевски побегна. Но Мицкоски и неговата банда ќе чекаат одговорност“, вели Кузеска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кузеска: Груевски од Унгарија наведува што треба…
Никола Груевски, осудениот криминалец во бегство, повторно…
СДСМ: Мицкоски сака да го апси Груевски
Соопштение за јавност По одлуката да ги…
Левица: Родител на малолетничката која го предводеше…
Иако Општина Ѓорче Петров со денови е…
СДСМ: ВМРО си формираа „свој синдикат“ во…
Соопштение за јавност Независниот синдикат на професионални…
СДСМ: 700 милиони евра нов долг за…
Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска –…